Bakцинитe „Cпyтник B“ пpoизвeдeни во Србија добиja дoзвoлa зa yпoтpeбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцините „Спутник В“ произведени на Институтот Торлак во Белград, добија дозвола за употреба од страна на националниот регулатор, Агенцијата за лекови и медицински средства, потврди за Танјуг министерот во Владата на Србија, Ненад Поповиќ.

Тоа значи дека вакцините Спутник В „мејд ин Србија“ од денеска ќе почнат да се имплементираат на вакциналните пунктови ширум Србија”, рече Поповиќ, кој е и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

Тој истакна дека досега на Институтот Торлак е произведено скоро 1,5 милиони дози од вакцината Спутник В и дека до крајот на годинава се очекува да бидат произведени најмалку 4 милиони.

Тој потсети дека производството на вакцината Спутник В на Институтот Торлак почна во јуни годинава, и дека Србија засега е прва и единствена земја во Европа која ја произведува Спутник В, вакцината.

Министерот Поповиќ и во оваа прилика и се заблагодари на Русија што она што било за другите земји строго чувана тајна, таа решила да ја подели со Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This