Bakцинaтa нa Фајзер oдoбpeнa вo Австралија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралискиот медицински регулатор издаде официјално одобрување за употреба на вакцината против коронавирус од компаниите „Фајзер/БиоНТек“. Австралија со тоа стана една од првите земји што завршија сеопфатно одобрување, рече премиерот Скот Морисон.

Тој изјави дека вакцината е привремено одобрена од страна на Управата за терапевтски производи (ТГА) за Австралијците над 16 години.

Министерот за здравство, Грег Хант рече дека вакцинацијата на приоритетните групи се очекува да започне кон крајот на февруари, со 80.000 дози неделно.

„Ќе бидат потребни две дози во период од најмалку 21 ден разлика, се вели во соопштението на Владата, во кое се додава дека Австралија ќе ги примени двете дози на вакцината во препорачаното време.

– Не го започнувајте она што не можете да го завршите, а завршувањето вклучува две дози, рече Морисон и додаде дека дигиталниот систем ќе обезбеди луѓето да добијат две дози.

Тој предупреди дека постојат ограничувања за можноста за вакцинирање и дека вакцинацијата нема да значи укинување на ограничувањата на границите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This