Beнко Андоновски го кpeна гласот – Пиcaтeлот yдpи пo Цapoвcка, „peформите“ ги нapeче пopнo oбpaзoвание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот писател и критичар, Венко Андоновски, критики за планот да се воведе сексуалното образование во новиот концепт во основното училиште.

-Во овој морално болен свет, кој ја брише границата меѓу природното и неприродното, да му дадеш на своето дете од најмали нозе погрешно, општествено организирано сексуално образование, пред да му дадеш стабилно емотивно и духовно образование, значи да му дозволиш да седне на буре барут и да запали томпус, напиша Андоновски.

Според него, издвојувањето на „сексуалното задоволство“ од љубовта е причина за пропаст на цивилизациите, и дека таквиот наин на кој Сеопфатното сексуално образование сака да го прикаже овој нов концепт исто така се прикажува и преку порнографијата.

-Љубовта не е само емотивна, психосоцијална, а најмалку културолошка појава. Таа е интима на духот, не на телото, општеството и културата. Затоа, ССО сепак ќе развива страсти: ќе се занимаваат со сексот издвоен од љубовта. Јасно велат: ќе се занимаваат со „задоволството“. Но такво задоволство издвоено од љубовта може да обезбеди и порнографијата, како и честото менување непознати партнери, вели тој.

Андоновски за крај, истакна дека децата сепак ќе треба да знаат до која граница да бидат толерантни.

-Затоа, сепак ми се чини дека ССО се користи, преку грбот на децата, да се реши проблемот со општественото прифаќање (па дури и ВИП-вреднување) на хомосексуалноста. Но тоа е дел од една СОЦИОЛОГИЈА на сексуалноста. Тоа не е баш наука за основци, како и културологијата на сексот, истакна тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This