Beтувањата на Заев пopaзи на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниве неколку месеци како нација живееме во колективен шок. Бугарија ни го оспорува идентитетот, јазикот и историјата, голем број од нас имаат гнев кон Бугарија поради овој факт, и тоа е оправдано, но уште повеќе треба да му бидеме лути на Заев кој не доведе до ова дереџе. Тој е политичарот кој вети дека ќе направи буквално се, и уште пред да дојде на власт на сите страни се расфрлаше со ветувања на штета на Македонија. Ова е само една епизода која ја живееме заради аматеризмот на Заев.

Заев дојде на власт со неколку ветувања кои јас би ги претставил преку неколку столба.

1. Борба против криминалот и корупцијата.

Прва точка, на која најмногу утна. Не само што утна туку и сам е вовлечен во сериозни сомнежи за криминал. Впрочем имаме и јавно обвинување по кое не се изјасни, дека парите од аферата Рекет завршиле кај него и брат му Вице. И тоа го кажа на суд Бојан Јовановски, човекот кој сите го видовме на видео запис како ја носи Луј Витон торбата полна со изрекетирани пари.
Но тоа не е се. Нема разрешница ниту за Рекет 2, Леонардо, Сар Хемс, прислушкувани обвинители, и десетици други случаи каде се вртат имиња на лица од врвот на власта.

2. Датум за почеток на преговори со ЕУ.

3 години како Заев ветува датум за почеток на преговори. Во Јуни, па Септември, па еве го во Декември, не сега, идната година, само што не сме добиле. И така уште три пати во круг.
За да ја оствари оваа цел Заев го потпипа договорот од Нивици, и договорот со Бугарија. Кога потпиша кажа дека нема веќе отворени прашања со соседите и дека само што не сме тргнале напред. И само што кажа, ние уште не тргнати, еве ја првата пречка, Заев да исполни се што ветил во Софија. И почнаа проблемите, кога излезе во јавност се што е на маса, следеше голем бунт од јавноста и Заев се повлече, па сега откако гледа дека ѓаволот ја однел шегата глуми патриот, приказна која не поминува.

3. Враќање на 600.000 млади, кои се отселиле од државата.

Се оставаа патики пред влада, се правеа спектакли. Заев ветуваше политики кои ќе ги вратат младите во државата. 5 години подоцна не само што не ги врати, туку и нови се иселија.

4. Бесплатно здравство и Тамара да не се повтори.

Заев ветуваше многу играше на картата на тажните човечки судбини, злоупотребуваше секоја смрт. 4 години откако е на власт ниту една инвестиција нема во јавното здравство, Клинички ни на повидок, Штипскиот регионален Клинички центар е уште карабина, а мајката на Михаела е новата Тамара, за која оние што урлаа молчат, ги нема да писнат. И пред секоја болница пациенти чекаат на ред и по два саати, нема слободни кревети, а за да влезеш во болница, иако состојбата ти е лоша мора да имаш врски, во спротивно ќе ја гледаш болницата од оградата.

5. Инфраструктурен бум и 600 километри автопат.

Ветуваа инфраструктирно препородување. 600 километри автопат, нови железници и патишта. 4 години подоцна народпт се сеќава само на чочекот во тунелот кој го направи ВМРО-ДПМНЕ, а беше пуштен година дена подоцна за да може да се фалат дека нешто правеле.

Ова се главните 5 ветувања. Ова се најголемите лаги на Заев, и такви лаги има во секое едно село, град, низ целата држава. Аматеризмот на Заев не чини сите по 4 години од нашиот живот. Аматеризмот на Заев ја осиромаши државата, и народот. Аматеризмот на Заев не донесе во подредена улога, понижема и мизерна. Време е да ставиме крај! Како? Секој од нас може да го крене гласот, тој е комотен додека народот молчи.

Пишува: Светислав Васев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This