Beчepвa ќe имaмe млaдa мeceчинa: Haпpaвeтe гo oвa дo 21 чacoт и ќe ви ce ocтвapaт жeлбитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утревечер ќе ја имаме првата млада месечина оваа пролет, што значи дека е период за остварување на сите соништа поврзани со љубовта, работата, или финансиите. Сѐ што ви треба, е искрено да посакате тоа што најмногу го сакате, и да го направите ритуалот до 21 часот.

1 чекор: Седнете некаде тивко, за да можете да се сконцентрирате. Одлучете кои ви се 10 најважни желби, и потоа гласно кажете ги една по една. Потоа, замислете дека сите тие ви се исполниле, и како би се чувствувале тогаш. Замислете ја радоста која би ве обзела. Дајте си на себе време да уживате во секој момент, и преправајте се дека се тоа е стварност.

2 чекор: Нацртајте сѐ што сакате. Што повеќе енергија вложите во цртежот, тоа резултатите ќе бидат подобри. Овој дел ќе ви помогне да го визуелизирате исполнувањето на вашите желби.

3 чекор: Со секоја слика од желбите, замислете позитивна афирмација со која ќе ја подржите, и запишете ја. На пример, напишете „Јас сум заљубен/а“ ако сакате љубов. Овој дел не смеете да го прескокнете.

4 чекор: Размислете за секоја желба и начинот на кој ќе ја остварите.

5 чекор: Поминете малку време медитирајќи, или само во тивко размислување за вашите цели.

Можеби ова ќе ви изгледа чудно, но научно е докажано дека медитацијата ја намалува нервозата, а седењето во тишина на мозокот му дава неколку минути да се ослободи од непотребните мисли, и да направи простор за вашите најискрени желби.

Како ќе се доближува следната Млада Месечина, погледајте ја листата од минатиот месец и проверете која од желбите се исполнила. Погледнете го списокот и на секоја желба дајте и оцена од 1 до 100, базирано на тоа колкави се шансите да се исполни. Бидете искрени према себе. Посветете поголемо внимание на желбите кои имаат поголема оцена од 50.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This