Bentley со рачно изработениот Bacalar; кабриолет изведен во само 12 примероци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со завршувањето на првиот примерок Bentley во само десет дена ни прикажува втора фасцинантна изведба под знакот на магичната бројка 12. Толку примероци ќе бидат изработени за веќе познати купувачи кои бараната сума веќе ја префрлиле на сметката во Кру. Колку и да биле платени нивната вредност само ќе расте бидејќи Bacalar е првиот модел по педесеттина години комплетно направен од Mulliner.

Градителот на каросерии е дел од Bentley од 1959 и со своите 40 вработени досега беше ангажиран на декорирање на посебните изведби на куќата. Корените на Mulliner потекнуваат од 16-иот век, а од 1760 година семејната работилница започнала со изработка на кочии.

Првиот независен модел на куќата беше претставен 1923 поставен на основа на Bentley специјално изработен за Олимпијската изложба во Лондон. Според многумина најубавиот автомобил било кога направен е дизајниран од Mulliner, R-Type Continental од 1952.

Bacalar е кабриолет двосед кај кого не се знае дали преовладува изгледот или перформансите. Испод долгата хауба сместен е W12 TSI со 659 коњи чиј учинок врз телеметријата допрва ќе се тестира. Мамутските 900 Nm се пренесуваат на сите тркала преку новиот систем чија улога е да ја пренесува силата на задната оска колу што може повеќе.

Кога електрониката ќе детектира потреба, тогаш таа се пренесува на сите тркала. Луксузниот двосед скроен за врвно возачко искуство е вториот производ на Mulliner изработен од почеток и во целост. Тој му се придружи на Bentley Blower, реинкарнација на легендарниот тркачки модел од декадентните дваесетти години на минатиот век. Лимитираната и продадена серија на Bentley Mulliner Bacalar ќе почне да се произведува во текот на 2021.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This