January 28, 2021, 3:52 am

Bentley го надгради луксузниот теренец; Bentayga од сега и во хибридна верзија

Поврзано

Лeгeндapнaтa „Hивa“:Oбjaвeнo нoвo имe и цeни зa двe вepзии oд пoзнaтиoт Pyски тeрeнeц

„Лада“ почна да продава две верзии од моделот „Нива“, класична и нова верзија што порано ја продаваше под брендот...

Bentley со рачно изработениот Bacalar; кабриолет изведен во само 12 примероци

Со завршувањето на првиот примерок Bentley во само десет дена ни прикажува втора фасцинантна изведба под знакот на магичната...

Се споиjа автомобилските гиганти Фијат Крајслер со Пежо-Ситроен-Опел

Акционерите на Фијат Крајслер (ФЦА) денеска изгласаа спојување со француската групација Пежо-Ситроен-Опел (ПСА), со што е создадена четвртата по...
- Advertisement -

Bentley го направи следниот чекор кон патот кон одржлива иднина со лансирањето на новиот Bentayga Hybrid, единствениот електрифициран вистински луксузен теренец во светот, и модел за кој производителот предвидува дека ќе стане најпродаваниот член на новото Bentayga семејство.

По неодамнешното лансирања на втората генерација на Bentayga V8 и Bentayga Speed, Bentayga Hybrid станува третиот модел во луксузното теренско портфолио. Припадноста на концернот VW јасно укажува дека искуствата за хибридизација во голема мерка се споделени со Porsche. Литиумската батерија од 17,3 kWh се состои од 168 индивидуални ќелии со очекуван век на траење од 100.000 милји или осум години и може да се полни до 100 проценти за само два и пол часа.

Електрониката за напојување ја претвора енергијата зачувана од високонапонската батерија за да го снабди електричниот мотор или да ја надополни постојната електрична инфраструктура од 12V возила. Конверзијата на зачуваната енергија оди преку моторот од 126 коњи кој произведува 350 Nm вртежен момент.

Тој е позициониран помеѓу менувачот и моторот со внатрешно согорување и може да испорачува целосен вртежен момент од мирување, обезбедувајќи тивко и брзо забрзување на возилото. Во синергија со три литарскиот V6 турбо-бензински мотор со двојно турбо се дополнуваат кога е потребен дополнителен вртежен момент. Неговите 450 коњи и мамутски 700 Nm имаат секавични перформанси. Само на струја можно е да се достигнат 140 км/ч, додека во комбинирани услови на возење се поминуваат околу 850 километри. Вистинскиот бенефит од хибридниот погон се добива со користење во урбани средини каде доминира движењето со нулта емисија на издувни гасови.

За да ги предупреди пешаците за близината на возилото и неговото тивко движење, при мала брзина надворешен звучник испушта звук со кого околината станува свесна за присуство на возило. И без да испушта звук Bentley секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Луксузниот теренец Bentayga е уште еден од многуте примери што ни ги претстави ”летечкото Б” во текот на неговото постоење.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This