BHИMABAJTE: Oваа лажна апликација на “Самсунг” измами милиони корисници

  • July 8, 2019

Милиони корисници ја инспалираа лажната апликација на „Самсунг“ која ја најдоа на „плеј стор“.

Updates for Samsung – Android Update Versions ја превзеле повеќе од 10 милиони корисници ширум светот, но наместо апдејт, на телефоните била инсталирана апликација која ги пренасочува корисниците кон интернет страница на која се бара наплаќање за преземањето на софтверот.

Да потсетиме, произведувачите на паметни телефони бесплатно ги ажурираат оперативните системи на своите корисници, па затоа не е јасно како е можно толкав број на луѓе да ја инсталираат оваа апликација.

Од „гугл“ во меѓувреме реагираа и ја отстранија апликацијата од „плеј стор“ , но не се знае колкав број на корисници наседнале на измамата и ви напишале своите лични податоци и податоците од својата картичка за „да го добијат новиот софтвер“.

Поради ваквите случаи, безбедносните експерти ги предупредуваат корисниците неколку пати да проверат кој ја поставил апликацијата на Play Store, да ги прочитаат коментарите, или да побараат на интернет повеќе информации околу апликацијата.

Претходно «
Следно »