BMPO-ДПMHE бара Влада за нaционaлeн интepec

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силна дипломатија, реформи внатре во државата и искрен однос со јасно исцртани национални позиции подржани од сите, може да ја придвижат ситуацијата на подобро од ова што го имаме во моментов од Зоран Заев. Исто така потребно е многу да се испорача дома. Верувајте, многу повеќе притисок ќе има врз Бугарија кога Македонија ќе е средена држава со функционален систем на владеење на правото. Тоа го нема и затоа Бугарија е релаксирана да прави што сака. Потребна е и стратегија за претставување на Македонија во државите членки на ЕУ со силна промоција и лобирање. Тоа мора да се прави. Ние сме мала држава и мора да имаме агресивна промоција во државите членки на ЕУ и да соработуваме со фондации, институции, организации кои ќе лобираат за Македонија. Сето ова заедно може многу да ја поправи ситуацијата во која е Македонија. Колку има волја за ова, тоа е друго прашање. За жал ја нема кај Заев и Владата – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за МКД.мк, одговарајќи нкако ВМРО-ДПМНЕ би го решиле проблемот со Бугарија.

Тој ја коментира идејата за формирање на широка или експертска влада, односно Влада за национален интерес. Таа влада, коментира тој, би била составена од експерти и поддржана од сите политички партии.

-Би имала мандат да се справи со здравствената и економска криза предизвикани од короната, како и изнаоѓање патишта за почеток на преговори со ЕУ како и одбрана на македонскиот национален идентитет, историја и јазик од нападите на Бугарија. Ова е можеби најголема криза со која се соочува Македонија од својата самостојност до денес. Вакви кризи се решаваат со таков тип на Влада. Никако со неспособни и компромитирани политичари како Заев и неговиот тим. Сѐ уште се надевам дека ќе надвладее разумот и дека оваа наша идеја ќе биде поддржана. Тоа е излезот за Макеодонија.

На прашањето дали власта побарала некогаш каква било помош, совет, човек…Николоски вели:

-За жал не. Ни од мене лично, ни од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, ние цело време бараме да се обединат политичките сили со цел да ја извадиме Македонија од оваа криза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This