BMPO-ДПMHE со ocтap oдговор, не се согласува со датумот за избори на 3aeв – Ce kpши Уcтавот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ: Заев стравува и бара начин да ги одложи локалните избори, со датумот кој го нуди ќе се прекрши Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со став по однос на датумот за избори, откако премиерот Зоран Заев денеска истакна дека предлогот е на 31 октомври да се одржат локалните избори, за да не се совпадне кампањата со Пописот.

Како што посочи Заев сите политички партии треба да се изјаснат и ако се согласат, тоа ќе биде вградено во Изборниот законик.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дела секогаш пред изборите партиите преговарале за датумот на одржување на изборите и за препораките на ОБСЕ и ОДХР.

-Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека Заев стравува од одржување на локалните избори, стравува од судот на народот и бара начин истите да ги одложи. Исто така, Уставот е над се’ и во оваа држава Заев треба ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Односно, согласно Уставот локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This