BMW M5 CS:Кралот на седаните со лимитирана изведба

Поврзано

Произведен е последниот Ford Mustang Bullitt

Веројатно да не постои љубител на американските автомобили кој не го гледал култниот филм Bullitt од 1968-ма година каде...

Bentley го надгради луксузниот теренец; Bentayga од сега и во хибридна верзија

Bentley го направи следниот чекор кон патот кон одржлива иднина со лансирањето на новиот Bentayga Hybrid, единствениот електрифициран вистински...

Лeгeндapнaтa „Hивa“:Oбjaвeнo нoвo имe и цeни зa двe вepзии oд пoзнaтиoт Pyски тeрeнeц

„Лада“ почна да продава две верзии од моделот „Нива“, класична и нова верзија што порано ја продаваше под брендот...
- Advertisement -

Значително полесна, со поостар звук и засилен изглед, изведбата СЅ јасно се дистанцира од обичниот М5, но исто така чини значително повеќе, околу 180.000 евра. Засилена на 635 коњи ги користи сите бенефити на погонот на сите тркала и осум фазниот конвертор на вртежниот момент. M девизијата од БМВ кај СЅ намали импресивни 70 килограми во однос М5. Предната хауба е изработена од композит од јаглеродни влакна, истото важи и за школките на предните седишта.

Тркалата од 20 инчи се дел од стандардната опрема, како и системот за сопирање од карбон-керамика. Ваквото опремување е неопходно за да може да се извлече максимум од 4.4 литарскиот V8 кој во M5 CS има десет коњи повеќе од M5 Competition! Спринтот од 0 до 100 км на час трае само 3,0 секунди, а од стоење до 200 километри на час стига за само 10,4 секунди! Крајната брзина е ограничена на 305 км/ч, но теоретски таа би можела да биде значително поголема. M5 CS не само што е најдобриот M5 досега во однос на динамиката на возење, тој изгледа и исклучително привлечно.

Бубрезите и имињата на моделите се изработени со апликација на бронза, длабокиот жолт прстен на светлината во фаровите потсетува на светлата на тркачките возила од серијата Ле Ман. На задниот дел четирите цевки од не’рѓосувачки челик привлекуваат внимание, тие звучат значително подоминантно и агресивно од другите варијанти.

Во ентериерот има елегантно интегрирани амблеми CS на таблата и помеѓу задните седишта, како и воланот опшиен со Алкантара и карбонски лопатки за менување. Потпирачите за глава се украсени со емблемот на легендарниот Нурбургринг. Производството започнува во март.

Latest News

Пронајден мpтoв: Пронајдено тeлотo на фудбалската ѕвезда која иcчезна во саботата

Поранешниот млад фудбалски репрезентативец на Уругвај, Франко Акоста кој исчезна во саботата денес е пронајден мртов. Поранешниот напаѓач на Виљреал...

More Articles Like This