(Boзнeмиpyвaчкo видео) CTPAШНO: Paкeти пaѓaa вpз гocти вo кaфyлe во Тел Авив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Палестинската организација Хамас го гаѓала синоќа најголемиот град во Израел, Тел Авив. Градот е преполн со стотици ракети. На социјалните мрежи кружат бројни снимки од лице место кои прикажуваат каков хаос настанал кога ракетите почнале да паѓаат по поедини делови од градот.

Некои делови се целосно руинирани, а некои жители успеале да го забележат самиот напад.

На една од снимките се гледа како луѓе во едно кафуле го снимале небото покриено со ракети. После тоа, една од ракетите паднала во нивна непосредна близина. Настанал хаос.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

На другата се гледа хаосот по улиците на Израел. Прикажано е како гори автобус кој го погодила ракета, а се слушаат и сирени.

Ситуацијата не е тешка само во Тел Авив, туку и на самата граница со Газа. По удар дошло и местото Ришон Ле Цион кој се наоѓа на осум километри јужно од Тел Авив и припаѓа на админиистративниот округ Гуш Дан. Светските медиуми пренесуваат дека е гаѓана и срушена резиденцијалната зграда во Газа. Како што јавуваат медиумите од Газа, зградата е срушена после нападот кои го извеле израелски воени авиони.

Извор: nova.rs

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This