December 8, 2021, 5:29 am

(Boзнeмиpyвaчко видeo) Еве кaкo изглeдaшe кaтacтpoфaлнaта cooбpaќajкa вo Белград: Teлaтa нa пoчинaтитe лeтaле нeкoлкy мeтpи oд aвтoмoбилoт…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Твитер се појави видео снимка од моментот на тешката несреќа во Белград која се случи рано утринава, а во која животот го загубија две лица.

Српските медиуми јавуваат дека во несреќата загинаа 31 годишната К.Ј. и момче М.С. (28). Возачот на автомобилот „Голф“ кој воедно е и брат на загинатиот не е повреден.

На снимката се гледа дека возачот со голема брзина излетува од патот и удира во бандера. Од силината на ударот,  К.Ј. и М.С. излетуваат од возилото на улица и на лице им подлегнуваат на повредите.

Сведоци на несреќата велат дека ударот бил страшен и дека телата на починатите летале неколку метри.

На возачот му е земена крв за анализа. Според објавените информации тој е задржан во полиција, имал 0,59 промили алкохол во крвта. Во тек се анализи кои треба да покажат дали бил под дејство и на психотропни супстанци.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This