(Boзнемирувачко видео) Американски полицаец зacтpeла маж во инвaлидска количка во грб со девет kypшуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицаец од американскиот град Тусон во Аризона уби човек во инвалидска количка, испукајќи девет куршуми, а полициската управа му подготвила отказ.
Во понеделникот вечерта Ричард Ли Ричардс (61) бил во својата моторизирана инвалидска количка и се движел кон влезот на супермаркетот „Лус“ во Тусон, кога зад него се појавил полицаец со репетиран пиштол.
Ова се случило откако вработен во “Walmart”, пријавил кај полицаецот дека го видел Ричардс како зел алат а не го платил, објави „Вашингтон пост“.

Вработените и полицаецот Рајан Ремингтон го следеле Ричардс низ паркингот, а во еден момент Ричардс замавнал со нож кон вработениот, додала полицијата.

„Не влегувајте во продавницата, господине“, извикал Ремингтон додека Ричардс се движел кон Лус.
Тогаш Ремингтон, без предупредување, му пришол на Ричардс од зад грб и од блиску испукал кон него девет куршуми.
Во вторникот, началникот на полицијата во Тусон, Крис Магнус, им изјави на новинарите дека полициската администрација започнала постапка за отпуштање на Ремингтон, додавајќи дека обвинителството го истражува инцидентот.
„Да бидам јасен, јас сум длабоко загрижен за акцијата на полицаецот Ремингтон. Неговата употреба на смртоносна сила во овој случај е очигледно кршење на законот и директно противречи на неколку аспекти од нашата обука за употреба на оружје“, рече Магнус, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This