(Boзнемирувачко видео) Над 40 зaгинaти и најмалкy 100 повpeдени во нaпaдот во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две експлозии одекнаа на влезот на аеродромот во Кабул, пренесуваат медиумите. Најмалку 40 луѓе загинаа, а 100 се повредени во експлозијата, изјави локалната болница за Спутник.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, потврди дека има Американци меѓу повредените.

Првично беше објавено дека бомбашот -самоубиец се разнел. „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека експлозијата била предизвикана од поддржувач на ДАЕШ.
Талибанците изјавија дека не знаат кој може да стои зад експлозиите.

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џonонсон, денеска ќе свика итен состанок поради ситуацијата во Кабул, а по експлозијата што се случи во близина на аеродромот, објави неговиот кабинет.
„Премиерот е свесен за ситуацијата на аеродромот во Кабул и ќе претседава со состанокот за безбедноста подоцна попладне“, рече британската влада, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги осуди двата самоубиствени бомбашки напади во Кабул како „ужасни терористички напади“ насочени кон Авганистанците кои се обидуваат да ја напуштат земјата.
Столтенберг на својот Твитер профил објави дека најостро ги осудува нападите пред аеродромот во Кабул, пишува АП.
“Моите мисли се со сите засегнати од нападот и нивните најблиски. Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе што е можно поскоро и да ги однесеме на безбедно”, рече Столтенберг.


Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This