April 26, 2024, 11:53 pm

(Boзнемиpyвачко видео) Дали ова е кpaјот на Франција?: Kpвава пpecметка во метро помеѓу Роми, Африканци и Авганистанци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крвава тепачка изби во метро станицата Гар де Лион во Париз.

На вирално видео, можеме да видиме Роми и миграни кои се пресметуваат физички н во текот на неколку минути.

На крајот, неколку поединци лежат на земја, целите во крвта.

Група активен француски воен персонал неодамна објави отворено писмо до претседателот на земјата, Емануел Макрон, во кое го предупредува дека во земјата се подготвува граѓанска војна по сите отстапки што тој ги направи кон исламизмот.

Писмото, објавено во конзервативниот магазин „Валер актуел“ доцна синоќа, има сличен тон со пораката објавена од истиот магазин минатиот месец. За разлика од претходното писмо, кое го потпишаа 25 пензионирани генерали и активни војници, новото писмо е анонимно и е отворено за потпишување од пошироката јавност.

До пладне денеска писмото го потпишале повеќе од 100.000 луѓе.

Авторите на писмото се опишуваат себеси како активни француски војници, кои ѝ припаѓаат на помладата генерација на војската што видела вистинска борба во изминатите години.

„Ние сме она што весниците го нарекоа огнена генерација. Мажи и жени, активни војници, од сите армии и од сите редови, со секакви мислења, сите ја сакаме нашата земја. Ние не бараме слава. Законски не смееме да го изразиме нашето мислење со откриено лице, но не можеме ни да молчиме“, се вели во писмото.

Во писмото е обвинет претседателот Макрон дека направил отстапки во корист на исламизмот на француска почва додека француската војска ја пролева својата крв за да се бори против него во Авганистан, Мали, Централноафриканската Република или на други места.

Авторите исто така посочуваат дека некои од нив учествувале во домашната операција „Сентинел“, почната по разорните терористички напади на „Шарли ебдо“ во 2015 година, и биле сведоци на одредени етнорелигиски заедници во Франција, кои се целосно одвоени од остатокот на земјата.

„За ваквите заедници, Франција не значи ништо друго, освен предмет на сарказам, презир или дури и омраза“, се вели во писмото.

Како и претходното писмо, и ова ново писмо ги предупредува властите на републиката за претстојната граѓанска војна и дека е доведено во прашање самото постоење на Франција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This