October 24, 2021, 3:06 am

Bo изoлaциja нeкoлкy пapaлeлки пopaди Koвид-19: Koмиcијaтa ќe oдлyчyвa дaли ќe пpoдoлжи oнлajн нacтaвaта во Струга и во Кичево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на новодијагностицирани пациенти со Ковид-19 се намалува, а во меѓувреме расте опфатот на вакцинација против Ковид-19 на возрасните граѓани. Инаку, акцентот е ставен на промоција на повик кон помладите да се вакцинираат, а поради вирусот, од вчера во изолација се ставени неколку паралелки во Велес, Штип и Прилеп, иако според надлежните, училиштата засега не се во ризик.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека бројот на новодијагностицирани се намалува, а мал е бројот на ученици кои се заболени. Според него, ситуацијата спласнува во овој момент.

-Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани. Вчера нивниот број изнесуваше околу 490, значи под 500 и се намалува и бројот на прегледи во болниците. Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника и таму се просечно од 120, 130 кога беше големиот притисок, сега е некаде околу 90, рече Филипче.

Нема притисок во болниците таму каде што висок е опфатот со вакцинација, на пример во Кавадарци, во Неготино, во Охрид, во Битола, во Ресен, во Гевгелија, а голем е онаму таму каде што е помал опфатот на вакцинација.

Од вкупниот број пациенти кои се хоспитализирани, а вакцинирани, најголем се со само една доза. Сепак според министерот, тоа е потврда дека е потребно време да помине да се развие имунитетот.

-Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти, имаме и со „Фајзер“ и со „Спутник“, имаме и со кинеската вакцина, имаме пациенти од странство кои се вакцинирале со „Модерна“. Значи, во тој дел нема некоја разлика, рече Филипче и додаде дека младите кои починаа од Ковид-19 биле невакцинирани.

Акцентот во моментов се става на важноста да се вакцинираат и помладите граѓаните.

Надлежните посочуваат дека оваа категорија е помалку заштитена, и токму тие можат да го шират вирусот во своите семејства. Затоа, во четврток ќе се отвори пункт во рамките на кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ каде со кадарот од Универзитетската амбуланта ќе се врши вакцинација и на помладите.

Министерот Филипче потенцира дека вакцините на „Фајзер“ се препорачани и безбедни и за децата од 12 до 18 години.

Инаку, на самиот почеток на новата учебна година, веќе се во изолација неколку паралелки во Велес, Штип и Прилеп поради ученици кои се позитивни на Ковид-19.

Поточно, едно одделение во прилепско основно училиште од денеска е во изолација, поради ученик во деветолетката кој бил позитивен на тестот за коронавирусот. Во изолација се и пет предметни наставници кои имале контакт со него.

Во штипските основни и средни училишта исто така има по еден позитивен ученик на коронавирусот, а поради два позитивни ученика во велешката гимназија „Кочо Рацин“ во изолација се ставени учениците од две паралелки. Од изолација се изоставени учениците кои биле вакцинирани.

Сепак, училиштата засега не се во ризик, дециден е министерот. Тој напомена дека протоколите во училиштата се направени по ист принцип како и насекаде во светот, и мал е бројот на ученици кои се заболени.

Според министерот, доколку се почитуваат протоколите, децата се безбедни.

– Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, останува уште една недела за Тетово и за Гостивар. Ќе има состанок на Комисијата за заразни болести за да се евалуира дали евентуално треба продолжување, рече Филипче.

Инаку, ќе се дава и трета бустер доза на вакцинираните, но само на имунокомпромитираните пациенти, поточно оние кои се со хронична дијализа, и тоа откако ќе поминат шест месеци од втората доза.

За тоа дали и останатите граѓани ќе треба да примат трета доза, уште се чекаат официјалните препораки.

Вакцинацијата не само што спасува животи, туку претставува и единствена можност за економско закрепнување. Ова вчера го потврди и заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде.

Како што истакна Бјерде, панедмијата нема да заврши се додека сите не добијат пристап до вакцинација, вклучително и неразвиените земји. Забавувањето на вакцинацијата, ќе го забави и економското закрепнување.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 199 случаи на Ковид-19, од направени 2.558 тестирања. Вчера беа пријавени 32 починати лица, а оздравеа вкупно 556 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097. Бројот на активни случаи изнесува 14.781.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This