April 17, 2024, 12:54 am

Bo Јужна Африка oткpиeнa нoвa вepзиja нa кopoнaвиpycoт, штo гo пoчнaлa втopиoт бpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Јужна Африка е идентификувана нова верзија на коронавирусот што предизвикува втор бран на инфекцијата, изјави денеска јужноафриканскиот министер за здравство, Звели Мхизе, и тоа само неколку дена откако Велика Британија соопшти дека пронашла нов подвид на Ковид-19.

„Го свикавме овој состанок за да објавиме дека нашите генетичари идентификуваа нова варијанта на вирусот САРС-КОВ-2, што во моментов ја нарекуваме варијанта 501.V2, напиша на Твитер министерот за здравство.

Британските медиуми пренесуваат дека, според него, собрани се доволно докази што силно сугерираат дека овој вид го предизвикува вториот бран од пандемијата во неговата земја.

Во Јужна Африка досега се пријавени над 900.000 инфекции со Ковид-19 и 24.000 смртни случаи.

Во последните неколку дена во земјата има по околу 10.000 нови инфекции дневно, во споредба со околу 1.200 на почетокот на ноември.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е во постојан контакт со јужноафриканските експерти кои ја идентификуваа оваа нова варијанта на коронавирусот. СЗО додава дека досега нема индиции дека имало промена во однесувањето на новиот вид на вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This