Bo eк нa eпидeмиja и нeдocтиг на кaдap, 2.300 cecтpи и лeкapи ce нeвpaбoтeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека клиничкиот центар во Србија распишува конкурс за вработување на нови 1.277 здравствени работници со високо образование кои се подготвени да помогнат во справување со кризата, во Македонија, ситуацијата е обратна, медицински сестри се бркаат од работа.

И додека во соседството се бараат 276 лекари, 80 анестезиолози, 45 пулмолози, 20 специјалисти по ургентна медицина, 15 кардиолози, 12 инфектолози, 10 еднокринолози, 9 нефролози, 7 хематолози и по шест гинеколози и лекари по општа медицина, нашите власти не ги вработуваат здравствените работници кои седат дома.

Инаку пред неколку дена беше објавено дека над 2.300 сестри и доктори се на листата невработени во Македонија.

Според податоците на Агенцијата за вработување заклучно со 31 октомври годинава, како невработени се евидентирани 249 доктори на медицина, 19 специјалисти по општа медицина и еден интернист. Од нив дури 225 се водат како невработени помалку од 11 месеци односно приближно колку што трае корона кризата, објавува Скопје инфо.

Кај сестрите состојбата е поалармантна. Во евиденција во Агенцијата како невработени се пишани вкупно 2.098 сестри.

Од нив 939 се со звање медицински техничар, 873 лица со звање медицински сестри, специјалисти медицински сестри се 21, а дипломирани медицински сестри 63, 4 невработени медицински сестри се специјалисти за интензивна нега. Во услови на здравствена криза која почна во март, 1.214 се невработени помалку од 11 месеци.

Невработеноста кај сестрите трае подолго отколку кај докторите. Ако само 13 доктори по општа медицинина работа чекаат подолго од 2 години. Толку време како невработени се водат над 300 медицински сестри.  Во евиденцијата на Агенцијата има уште и 150 невработени бабици.

Медицинските сестри од проектот за „патронажна служба“ повторно дома:

Голготата на 47-те медицински сестри кои беа примени во проектот од страна на Министерството за здравство продолжува.

Првиот нивен договор за вработување со Здравствен дом Скопје бил склучен на 1.10.2019 година и траел до 30 април 2020 година кој поради пандемијата со коронавирусот бил продолжен лично од министерот за здравство Венко Филипче за уште шест месеци, поточно до 31 октомври 2020, но по неговиот истек речиси 50-тина медицински сестри веќе од вчера седат дома во време кога државата се соочува со недостиг на медицински кадар.

-Пред истекот на нашиот договор ние поднесовме писмено барање до Министерството за здравство со цел да дознаеме што ќе биде со нашиот проект, на 14 октомври минатиот месец добивме устен одговор од координаторката на нашиот проект дека со ребалансот на буџетот се одобрени средства за нашиот проект и дека истиот се продолжува до 31 декември 2020 година, односно за уште два месеци, велат медицинските сестри од оваа служба кои веќе седат дома, објави Курир.

-Проблемот е во тоа што Министерството за здравство ги префрлиле парите на Фондот за здравство, но фондот не ги префрлил на Здравствен дом Скопје. Одговорот на Здравствен дом е дека финансиите нема да се добијат се додека не се направат нови решенија за договор за вработување, временски за два месеци. Во меѓувреме Фондот за здравство останува без директор поради негова смена и всушност нашиот проблем не е приоритет на еден директор кој штотуку е назначен на новото работно место. Станува збор за директорот Стево Крстевски кој е назначен на 4 ноември месецов, раскажуваат револтираните медицински сестри.

Медицинските сестри од проектот за „Патронажна служба“ минатата недела испратиле и писмено барање до министерот Венко Филипче се со цел добивање на одговор за настанатиот проблем, но засега тие се уште не добиле одговор.

И додека сите директори и самото Министерство за здравство алудираат на тоа дека има недостиг на медицински персонал во нашата земја со оглед на вртоглаво црните бројки на новозаразени (во просек околу 1.000 на дневно ниво) и починати лица, речиси подготвен медицински кадар седи дома поради неодговорноста на институциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This