April 20, 2024, 12:18 pm

Bo Kpивa Пaлaнкa 31 yчeник нe мoжe дa cлeди oнлajн нacтaвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар, организираше онлајн дискусија „Младитe и образованието во време на коронавирус“,  на која учествуваа професори, ученици, психолози, како и претставници на граѓанскиот сектор и на локалните институции.

На дебатата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во образовниот процес, со посебен  фокус на децата и младите, односно на учениците и студентите. Учесниците разменија искуства за добрите и лошите страни на досегашниот тек на образовниот процес, како и предлози за подобрување на наставата во услови на пандемија.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски посочи дека општината прави напори за што поефикасно справување со предизвиците на далечинското учење наметнато од пандемијата.

– Регистрирано е дека во онлан наставата не можат да се вклучат 31 ученик. Правиме напори да се обезбеди интернет конекција, како и ИТ опрема за овие ученици и веќе имаме одредени резултати. Во меѓувреме даваме поддршка на образованието и преку стипендии, обезбедување на образовни асистенти за лицата со потреченост и други форми, – истакна Мицевски.

Претставниците на училиштата укажаа на тоа дека за сите деца што не можат да следат онлајн настава се приготвуваат посебни наставни лекции, а се обезбедени и тутори за помош на учениците и нивните родители.

Дебатата е организирана во рамки на проектот„Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, што го спроведува НВО Инфоцентар, со поддршка на Меѓународниот центар „Улоф палме“ од Шведска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This