Bo oвиe гpaдoви нeмa Koвид-19, a oвиe тpи гpaдa ce нoвитe жapиштa нa виpycoт вo Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само Кратово, Крушево и Богданци немаат случај на заразен со коронавирус според последната статистика. Зад нив се Демир Хисар и Дојран и Македонска Каменица со по еден заразен.

Во моментот најмногу заразени има во Скопје, Тетово и Гостивар, каде се регистрирани две третини од активните случаи низ целата држава.

Главниот град има 1.677 активни случаи, Тетово – 1.079 и Гостивар – 688. Вкупно 5.043 лица се водат за активно заразени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 161.359, бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542.

Досега се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This