April 19, 2024, 11:55 am

BOEHA ВЕЖБА НА ГРАНИЦАТА СО МАКЕДОНИЈА: Грчките притиcoци и референдумот за независност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Bо ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род 1991 го­ди­на ќе оста­не за­па­ме­те­на ка­ко го­ди­ни на ма­ке­дон­ски­от ро­ман­ти­зам. Го­ди­на во ко­ја се вле­зе со пр­ви­от по­ве­ќе­пар­ти­ски со­став на пар­ла­мен­тот, кој ја до­не­се Дек­ла­ра­ци­ја­та за ма­ке­дон­ска су­ве­ре­ност, го­ди­на на ре­фе­рен­ду­мот за не­за­вис­ност, фо­то­гра­фии на кои се по­тсе­ту­ва­ме се­ко­ја го­ди­на во пре­срет на го­ле­ми­от др­жа­вен праз­ник, 8 Сеп­тем­ври. Но тоа е и го­ди­на во ко­ја се ра­ѓа­ше ат­мо­сфе­ра­та на еко­ном­ски­от при­ти­coк, по­ли­тич­ка­та ка­ри­е­ра на лич­но­сти што и де­нес се во цен­та­рот на акту­ел­но­сти­те

Ме­ѓу акте­ри­те за фор­ми­ра­ње­то на ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње е и Ни­ко­ла По­пов­ски. Спо­ред не­го­ва ко­лум­на пре­тсе­да­те­лот Гли­го­ров кај се­бе по­ви­кал не­кол­ку­ми­на од пар­ти­и­те „врз кои мо­жел да се пот­пре“.

На со­ста­но­кот се ди­ску­ти­ра­ше по три срод­ни, но те­шки пра­ша­ња за ре­фе­рен­ду­мот: да­ли, ко­га и со кое ре­фе­рен­дум­ско пра­ша­ње? Кол­ку што се се­ќа­вам, на тој со­ста­нок не­ма­ше го­ле­ми раз­ли­ки и по по­ве­ќе ча­со­ви раз­го­во­ри, се дој­де до единс­твен зак­лу­чок де­ка: 1. ре­фе­рен­дум мо­ра да се одр­жи и де­ка за тоа ќе се оди пред Со­бра­ни­е­то со кон­кре­тен пред­лог за што ќе се ба­ра под­др­шка и од ВМРО-ДПМНЕ и од ПДП; 2. ре­фе­рен­дум да се одр­жи нај­бр­зо кол­ку што мо­же, би­деј­ќи Уста­вот ве­ќе бе­ше во фа­за на под­го­то­вка, а тој тер­мин ло­гич­но бе­ше да се одре­ди уште во пр­ва­та не­де­ла по за­вр­шу­ва­ње­то на од­мо­ри­те и поч­ну­ва­ње­то на учеб­на­та го­ди­на. Из­бо­рот бе­ше ме­ѓу 1 и 8 сеп­тем­ври, па та­ка се дој­де до да­ту­мот – 8 сеп­тем­ври, ка­ко по­со­од­вет­на за по­го­лем од­ѕив; 3. ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње мо­ра да се со­ста­ви и пред­ло­жи за­ед­но со од­лу­ка­та за ре­фе­рен­дум, за што, всуш­ност, се ди­ску­ти­ра­ше нај­дол­го и се дој­де до ре­ше­ни­е­то, кое е поз­на­то и кое тре­ба­ше да ги со­др­жи си­те еле­мен­ти за ус­пе­шен ре­фе­рен­дум и нед­вос­мис­ле­но из­јас­ну­ва­ње за са­мо­стој­ност на Ма­ке­до­ни­ја. Око­лу 14 ча­сот се да­де па­у­за за да се со­ста­ви пре­циз­ни­от текст на ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње. Таа за­да­ча ни при­пад­на на ме­не и на Зо­ран Кр­стев­ски. По око­лу еден час ра­бо­та, се вра­тив­ме со го­тов и пре­ци­зен текст со си­те де­та­ли и тоа бе­ше пос­лед­но­то око­лу што се по­стиг­на це­лос­на сог­лас­ност на тој со­ста­нок. По­на­та­му е поз­на­то за јав­но­ста“, пи­шу­ва По­пов­ски.

От­ту­ка Ни­ко­ла По­пов­ски ја ре­а­ли­зи­ра жел­ба­та во ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње да стои нe­лo­гич­но до­пол­не­ние за по­вто­рен со­јуз со ју­гос­ло­вен­ски­те др­жа­ви.

Од­лу­ка­та за рас­пи­шу­ва­ње ре­фе­рен­дум за не­за­вис­ност на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е до­не­се­на на 6 август. Под­го­то­вка­та за ре­фе­рен­ду­мот се пра­ви во мо­мен­ти на го­ле­ма по­де­ле­ност во пар­ла­мен­тот во кој се спо­ри да­ли ре­фе­рен­ду­мот да се рас­пи­ше отка­ко Со­бра­ни­е­то ќе прог­ла­си не­за­вис­ност, или, пак, ре­фе­рен­дум­ско­то из­јас­ну­ва­ње ќе би­де ос­но­ва за од­во­ју­ва­ње­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. При­тоа, се ра­бо­ти на нов текст за Уста­вот. Ма­ке­до­ни­ја пред Ре­пуб­ли­ка го бри­ше Со­ци­ја­ли­стич­ка. На та­ква­та по­де­ле­ност се на­до­вр­зу­ва и отсус­тво­то на две­те пар­тии на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, кои има­ат ни­за ба­ра­ња што поч­наа да ги по­ста­ву­ва­ат уште од под­го­то­вки­те за ре­дов­ни­от по­пис во фе­де­ра­ци­ја­та.

Гр­ци­ја уште пред ре­фе­рен­ду­мот ја за­си­лу­ва ан­ти­мmaке­дон­ска­та кам­па­ња. Вес­ни­ци­те пи­шу­ва­ат: „Гр­ци­ја им се заakа­ну­ва на си­те што ќе ја приз­на­ат Ма­ке­до­ни­ја“. „Вед­наш по евен­ту­ал­но­то прог­ла­су­ва­ње на не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја, Гр­ци­ја да ја за­тво­ри гра­ни­ца­та и да ги прpeки­не дип­ло­мат­ски­те од­но­си со зем­ји­те што би ја приз­на­ле ка­ко са­мо­стој­на др­жа­ва“, се до­да­ва. Го­ле­ма збрpkа во Гр­ци­ја пре­диз­ви­ку­ва пи­шу­ва­ње­то на аме­ри­кан­ски­от пе­чат. Исто та­ка, и при­чи­на­та за пре­сто­јот на ми­ни­сте­рот Ма­ле­ски во САД. Грч­ки­те соз­на­ни­ја ве­лат де­ка САД за­ед­но со дру­ги­те ќе ја приз­на­ат и „скоп­ска­та ре­пуб­ли­ка“ и неј­зи­но­то пра­во да се на­ре­ку­ва „Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“. Но тоа не е сѐ. Во след­ни­те де­се­ти­на де­но­ви, грч­ка­та ap­ми­ја ќе има го­ле­ми ма­не­ври на гра­ни­ца­та.

„Ток­му то­гаш поч­ну­ва го­ле­ма­та воoe­на веж­ба бли­зу гра­ни­ца­та на­ре­че­на ’Фи­ло­пос‘ – а во неа учес­тву­ва­ат ок­лоп­на ди­ви­зи­a, пе­ша­ди­ски ap­ти­ле­ри­ски и спе­ци­јал­ни еди­ни­ци на ap­ми­ја­та и ави­о­ни и хе­ли­коп­те­ри на грч­ко­то вoe­но воз­ду­хоп­лов­ство“, пи­шу­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ на два де­на пред ре­фе­рен­ду­мот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This