BOHPEДНА СОСТОЈБА И ВО САД: Haционалната гapда на Њу Џерси излeгyва на улиците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерот на сојузната американска држава Њу Џерси, Фил Марфи, ги повика граѓаните да останат во своите домови по 20 часот, потпиша извршна наредба со која го ограничува делувањето на одредени фирми и ги мобилизира припадниците на Националната гарда за да помогнат во спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на коорнавирусот.

-Силно се обесхрабруваат сите движења што не се неопходни и не се итни, почнувајќи од вечерва, од 20 часот до 5 часот наутро, секој ден. Оваа наредба ќе остане во сила во блиска иднина. Сакаме сите да бидат во своите домови, а не надвор, рече Марфи.

Тој нагласи дека тоа не значи експлицитно воведување полициски час, пренесе Си-Ен-Ен.

-Ова не е полициски час, но силно се препорачува и воедно и патувањата силно се обесхрабруваат. Но, не морате да бидете на улиците, не треба да бидете на улиците, порача Марфи.

Тој потпиша извршна наредба со која се пропишува прекинот на работата по 20 часот на сите малопродажни, рекреативни и забавни компании.

Марфи, исто така, ги мобилизира припадниците на Националната гарда на Њу Џерси „за да помогне во нашите напори на сите начини што се неопходни“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This