October 20, 2021, 9:52 pm

Boopженa пpecтpeлка во Арачиново: Изpeшетено возило поради нapyшени семејни односи, за среќа нема повpeдени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 16.08.2021 во 23.42 часот во СВР Скопје, Ш.О.(26) од с.Арачиново, пријавил дека околу 22.30 часот во с. Арачиново, додека се движел со неговото патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата мајка Џ.О.(45) и неговиот брат А.О.(20), од патничко возило „ауди А4“, со германски национални ознаки, во кое биле О.М.(36) од с.Арачиново и С.Ќ.(26) од с.Љуботен, скопско, биле испукани проектили кои го оштетиле неговото возило.
Повредени лица нема, а според пријавата, причина за нападот се нарушени семејни односи. Полициски службеници излегле на местото. По наредба на Јавен обвинител, Ш.О. и А.О. биле приведени во полициска станица, поради сомнение дека и тие употребиле огнено оружје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Сега на СДСМ ќе му се случува она што на ВМРО му се случи во 2017-та

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, истакна дека порзот на...

More Articles Like This