April 19, 2024, 10:35 pm

BPИE ВО ПОЛКОТ ЗА CПEЦИJAЛНИ OПEPAЦИИ: Шекеринска и Пендаровски ќе бpkaaт 50 „волци“ за да вработат други 50 на национална основа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, планираат да го расформираат армискиот Полк за специјални операции, објавува професорот на факултетот за безбедност на Европски Универзитет, Александар Нацев.

Како што пишува Нацев, идејата зад таквата намера е наводно да се покаже пред албанскиот електорат дека албанци ќе бидат дел од БСН Волци, а всушност тоа ќе значи дека во специјалните сили ќе има место само за кадри коишто ќе добијат зелено светло од ДУИ.

Нацев резонира дека таков потег би било постапување надвор од потребите, надвор од стандардите и заложбите на НАТО и ЕУ, само да се задоволат партиските и коалиционите интереси.

– И покрај фактот што анализата на безбедносните предизвици и неизвесноста која тие ја носат ја наметнаа потребата кај земјите членки на НАТО и ЕУ да ја препознаат потребата од зголемување на капацитетите на специјалните единици, Шеќеринска и Пендаровски имаат друга агенда – да го расформираат најелитниот состав на нашата Армија, Полкот за специјални операции. Овој потег не само што е контра евро-атлантските заложби (бидејќи и НАТО и ЕУ ја препознаа потребата од вложување во специјалните единици на Армијата на Република Македонија), туку е анти-македонска, но и анти етничките малцинства. Имено, идејата да се покаже пред албанскиот електорат дека албанци ќе бидат дел од БСН Волци (главната причина заради која се растура Полкот за специјални операции) е само фасада на задоволувањето на потребите на ДУИ. Внимавајте!!!! Не сите албанци и останати припадници на етничките заедници ќе можат според планот на Пендаровски и Шеќеринска да станат дел од десеткуваните специјални единици. Таа привилегија ќе ја имаат само оние за кои ДУИ ќе даде зелено светло. Така надвор од потребите, надвор од стандардите и заложбите на НАТО и ЕУ, само да се задоволат партиските и коалиционите интереси, се растура тоа што до сега од осамостојувањето доби најголеми признанија од сите релевантни странски фактори – објави Нацев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This