Bpeл бран во Македонија, во текот на следната недела температури до 38°

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Територијата на Македонија полека но сигурно ја зафаќа тропски бран кој во текот на следната недела ќе услови температури близу 40 степени, и тоа во најтоплите предели на државава.

Инаку за време на овој викенд во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Нестабилноста повеќе ќе ја има особено во западните предели на државава. Максималните дневни температури за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Понатамошен продор на топол воздух од северните предели на Африка ќе имаме во текот на следната недела, тогаш максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Ув индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент некаде од 9 до 10, па затоа доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесете заштитна опрема, односно капа и наочари за сонце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This