Cитyaциjaтa co вakцинитe „kaшa-пoпapa“?: Македонија чeкa вakцини oд Астразенека – ЕК се зakaни дeкa ќе ѝ зaбpaни извoз нaдвop oд ЕУ на кoмпaниjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија денеска објави дека британско-шведската фармацевтска компанија Астразенека може да се соочи со забрана за извоз на вакцини во земји кои се надвор од ЕУ.

Причината за тоа е што не ги доставила ветените дози на вакцини на 27-те членки на ЕУ.

Министерот Филипче денеска ги посочи вакцините токму од Астразенека (или кинеските) кои први ќе пристигнат во земјата но не прецизираше кои ќе бидат први, ни кога ќе биде испораката.

И токму денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ѝ упати порака на Астразенека, да го исполни договорот со Европа пред да почне со испорака во други земји.

Фон дер Лајен додаде дека Комисијата испратила „официјално потсетување“ до Астразенека за ова прашање.

Астразенека на ЕУ треба да ѝ испорача 70 милиони свои вакцини во вториот квартал од годинава, што е значително помалку од 180 милиони дози ветени во договорот потпишан со Унијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Во првиот квартал, ЕУ доби околу 30 милиони дози од оваа вакцина, наместо 90-те милиони планирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This