October 19, 2021, 3:36 pm

Cветот е на пат кон kaтacтpoфа, пpeдyпpeдyва Гутереш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи дека светот е на пат кон катастрофа, доколку владите не се обврзат на поамбициозни намалувања на емисиите на штетни гасови, со цел да се запре глобалното затоплување и неговите последици.

Новиот извештај на ОН, што содржи преглед на сите национални обврски поднесени од потписниците на Париската климатска спогодба до 30 јули, наведува дека тие ќе доведат до зголемување на емисиите на штетни гасови за речиси 16 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 2010 година

Парискиот климатски договор ја постави целта глобалното затоплување да се одржува под два Целзиусови степени до крајот на векот, и идеално на максимални 1,5 степени, додека експертите велат дека планетата веќе се загревала за 1,1 степени Целзиусови уште од прединдустриското време.

Светот е на катастрофален пат до загревање до 2,7 степени Целзиусови, нагласи генералниот секретар на ОН.

Тој додаде дека е неопходно емисиите да се намалат за 45 отсто до 2030 година, со цел да се постигне неутралност на јаглерод до средината на векот.

Околу 113 земји, вклучувајќи ги САД и Европската унија, до крајот на јули поднесоа ревизија на Националниот определен придонес (НДЦ) во рамки на Парискиот договор за климата.

Latest News

Огpaбена аптека во Кисела Вода

Во СВР Скопје вчера околу 20:55 часот било пријавено дека во аптека на ул.„Христо Татарчев“, едно лице со закана...

More Articles Like This