Cвeдoштвo нa Македонка кoja живee вo Лариса: “Бeшe mopничaвo, тpece цeлo вpeмe пo гoлeмиoт зeмjoтpec”

Поврзано

Бугарија дoби тeхничкa влaдa – eвe кoj e нaзнaчeн зa пpeмиep

Официјално Бугарија оди на нови избори на 11 јули. – Ќе ги организира привремената влада на чие чело ќе биде...

Радев подготвува вoeнa влада

Медиумите во Бугарија објавија привичните информации за новите членови на бугарскиот владин кабинет. Како што јави дописникот на МИА од...

(Фото) Косово е Србија: Мапа објавена од австриските медиуми ја paзгнeви Приштина

Добро познатиот австриски медиум „Остерајх“ Oe24.at објави мапа на Европа на која се гледаат Косово и Метохија како дел...
- Advertisement -

Сега сме надвор, бидејќи тресе цело време. За време на земјотресот беше морничаво, прво бучеше, а потоа тресеше, раскажува Виолета Димкова, Македонка која живее во Лариса, во разговор со дописничката на МИА од Атина, по силниот земјотрес од шест степени што го погоди денеска централниот дел на Грција.

Димкова објаснува дека на централниот плоштад во Лариса има собрано луѓе, а во градот со оглед на тоа дека се тесни уличките, има заглавени возила.

– Многу беше морничаво. Тресеше многу, прво бучеше. Јас бев во автомобилот, во една од тесните улички и прво почна да бучи, мислев дека работи некој компресор, но почна да се ниша и автомобилот, се вртам и гледам зграда која буквално се тресе напред назад, раскажува Димкова за моментите кога се случи земјотресот со јачина  од шест степени според Рихтеровата скала.

Таа вели дека во делот каде што живее нема материјални штети, со исклучок на повисоките катови од зградите, а раскажува дека земјотресот особено ги исплашил соучениците на нејзините деца.

– Не ги пуштија децата да си одат, ги задржаа додека не дојде родител да ги земе. Утре нема да имаат настава. Децата биле многу исплашени, пет дури се онесвестиле од страв, додава Македонката која живее во Лариса.

Дополнителен проблем за жителите на Лариса и околните населени места беше и тоа што веднаш по земјотресот падна мрежата на мобилните оператори и целосно беа во прекин телекомуникациите и интернетот.

– Одев да ја земам ќерката од училиште и не можев да ја добијам. Немаше никаков сигнал, ниту пак интернет, објаснува Димкова во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот се случи во 12.16 часот по локално време со епицентар на 15 километри јужно од општина Еласонас во регионалната единица на Лариса, а беше почувствуван во повеќе делови на Грција, но и во Северна Македонија.

Во наредните 90 минути следеа уште 11 други земјотреси, од кои еден од пет степени, а осум над четири степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија. Грчките сеизмолози за медиумите, велат дека сè уште не можат со сигурност да кажат дали земјотресот од шест степени беше и главниот.

Latest News

Oбид за yбиcтвo во Куманово, пpoбодeно едно лице

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство...

More Articles Like This