January 23, 2021, 5:41 pm

Cвeдoштвo: “Пpaзнитe пoлици нa фpижидepoт мe нaтepaa дa зaминaм oд Мaкeдонија”

Поврзано

Boзeтe внимaтeлнo: Hoви одpoни нa peгиoнaлниoт пaт М.Каменица – Кочани, eднo вoзилo ocтaнa зaглaвeнo..

Продолжува паѓањето на одрони кај месноста Драките, на потегот од село Истибања до брана Калиманци на регионалниот пат Македонска...

Akadeмици со купени дипломи и шиpaчи на лaжни вecти – Jacна Koтecka за „пapaзититe“ во МАНУ

Универзитетската професорка Јасна Котеска во серија твитови го парчоса триото академици Абдулменаф Беџети, Таки Фити и Владо Камбовски за...

Диплoмaтcкo-пapтиcкaтa oфaнзивa нa Мицкоски влoг зa дpжaвaтa

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, потпретседател на партијата, за каратко време направија неколку исклучителни средби со...
- Advertisement -

Сите сме свесни за тешката ситуација на Република Македонија поради која се отселуваат голем број Македонци кои се во потрага по поквалитетн животен стандард и услови за живот, бројка која за жал до ден денес таа бројка се нема намалено. Најпогодени во оваа ситуација се младите лица кои масовно се отселуваат во изминатите неколку години.

Според податоците на “Евростат”, oд Македонија, само во 2018 година си заминале 24,3 илјади лица, и според бројот на населнието процентуално тоа е поголема бројка. Македонците најмногу се иселиле во Германија – 11,5 илјади, а потоа следи Италија и Словенија каде се иселиле по 2,2 илјади лица. Процентуално тоа значи дека 2,1 отсто од вкупното население ја напуштиле земјата.

Според изјавата на поранешниот германскиот амбасадор Томас Герберих:

“За граѓаните на Македонија е многу важно да има владеење на правото. Гледаме колку луѓе ја напуштаат земјата, тоа го гледам актуелно секое утро кога доаѓам во германската амбасада. Го гледам големиот ред пред амбасадата, ги гледам сите оние коишто поднесуваат барање за добивање на работна виза. Мислам дека освен плата и поголем животен стандард, им недостига и правната сигурност. Тоа е реформа која што треба прва да се спроведе, изјави германскиот амбасадор Герберих. Прво е важно да се дефинира методологијата за проширување од самата ЕУ а потоа и критериумите што Македонија треба да ги исполни за да се разгоара за датум.” – Изјави Томас Герберих.

Бојан Шимбов, економист во Светската Банка:

Податоците од студијата се направени во 2018 и 2019 на повеќе од 10.000 испитаници на возраст помеѓу 14 и 29 години во 10 држави од Југоисточна Европа. За повеќето млади луѓе (48,3 %), главна причина за иселување е подобрување на животниот стандард. Младите се најсензитивни на корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста. Најпосакувана дестинација им е Германија, а веднаш по неа Швајцарија.

Податоците за иселувањето се фрапантни не само во земјите кои се надвор од ЕУ, а се стремат за влез во Европската Унија, туку и кај членките. На пример, Хрватска, Бугарија, Романија, Грција нижат поразителни податоци. Трендот на иселувањето на младите е голем во целиот регион, а процентот на иселување од Македонија кај младата популација е над 52 отсто.

„Кога ќе го споредиме одливот на таленти од Република Македонија споредено со земјите од источна европа, 24 земји од Источна Eвропа практично Македонија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар“ – Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

  • – Според ова можеме да видиме дека ситуацијата е навистина загрижувачка и натаму се влошува… Отселувањето сеуште трае, Македонија сеуште ги нема потребните стандарди за да ја задржи младата популација во сопствената држава, за жал.
  • Академик Изет Зеќири вели дека западните земји сакаат да ги земат дипломираните луѓе од различни области, а со тоа земјата трпи 500 милиони евра годишна штета зашто тоа се пари кои се инвестирани во нивното образование.

„Ова е голема штета за Македонија, бидејќи трошокот на државата за еден ученик до осмо одделение е 10-12 илјади евра. Трошокот за средно образование е од 18-20 илјади евра, трошокот за универзитетски студии во разни области е 35-40 илјади евра, а трошокот за студии по медицината е дури 55 илјади евра“, изјави академик Зеќири.

– “Инфомакс” исто така направи истражување во Делчево во 2019 година, каде каде само за еден ден си заминаа на привремена работа во Италија околу илјада делчевчани. Во разговор со превозниците од Делчево дознаваме дека вкупната бројка на сеознски работници кои годинава заминале да работат во Италија е околу 5 илјади делчевчани. На прашањето која е демографијата на граѓаните кои заминуваат на привремена работа во Италија, одговорот беше истиот кој што ни го дадоа анкетираните граѓаните ,,и старо и младо си заминува од Македонија, годините не играат некоја улога”.

“Точно е, само ние превезуваме околу 1.600 работници и тоа само кон Италија. Другите превозници најмалку по толку”, изјави за “Инфомакс” превозник од Делчево.

Бројката од околу 5000 илјади сенозски работници само од Делчево значи дека повеќе од една третина од локалното население кое брои околу 18 илјади жители заминува надвор од државата во рок од 1 месец. Освен кон Италија, истокот на Македонија се сели и во други држави.

Според Апостол Симовски, раководител на Заводот за статистика на Македонија:

- Нема идеја кои би биле вистинските бројки. Официјално, во Македонија има 2,08 милиони луѓе. Всушност, тој вели: „Се плашам дека нема повеќе од 1,5 милиони, но не можам да го докажам тоа“.

Од друга страна пак, Изет Зеќири вели друго:

"Безброј пресметки - приход по глава, број на кади по глава - зависат од тоа да се знае колку глави има. Ако г. Симовски е во право и има 27,5% помалку луѓе во Македонија отколку што официјално се проценува, тогаш БДП по глава, меѓу другото, ќе биде многу поголем. Сепак, вистинското население може да биде помеѓу 1,6 и 1,8 милиони. Сè додека нема попис, никој нема да знае."

"Инфомакс" запраша неколку македонски граѓани, кои што се отселени од Република Македонија, поради кои причини ја направиле таа одлука во животот.

"Верувам дека Македонија се уште ги нема потребните услови за квалитет живот. Тоа барем мене лично ми беше доволна причина за да донесам таква одлука и да се отселам. Во Македонија како да нема доволно опции и можности за развој на професионално ниво во многу области. Едноставно сфатив дека, како што викаме ние "тоa е тоа".. Не ми беше лесно за да се одлучам за таков чекор... но морав". - вели девојка која што подолго време живее во Франција .

"Ме прашувате за причините? По директен не можам да бидам. Кога стасавме во Велингтон и се сместивме и мајка ми мѝ кажа зошто всушност плачеше во Македонија. Во Македонија плачеше бидејки кога ќе го отворела фрижидерот гледала само решетки, немајќи притоа начин и можност како да го наполнат. Во Велингтон сега нема солзи и фрижидерот е полн... Ете тоа е наједноставната причина." - вели 39-годишник, иселеник од Република Македонија.

Latest News

Boзeтe внимaтeлнo: Hoви одpoни нa peгиoнaлниoт пaт М.Каменица – Кочани, eднo вoзилo ocтaнa зaглaвeнo..

Продолжува паѓањето на одрони кај месноста Драките, на потегот од село Истибања до брана Калиманци на регионалниот пат Македонска...

More Articles Like This