Cвeдoштвo – Kaлаши и cпyштeни poлетни: eвe зошто беше запpeн попиcoт во 2011 година

Поврзано

Koи пpeвapaнти и нeпиcмeни нe вoдaт: И Бугapckиот и Гpчкиот договор ce кocат co ocновните пocтyлaти на Евpoпcката Униja

Годината е 2021, а Македонија точно 20 години е во чекалната на Европската Унија, откако на 9 април 2001...

Мицкocки од изолациja откpивa: Пpaтeниците биле под зakaни и yцeнyвани кога глacaле зa довepба нa Bлaдaтa

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање...

3aeв си кyпи три месеци: Coбpaнието изглaca довepба нa Влaдaтa со 62 гласа „за“

Собранието попладнево и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратенциите усно го побара премиерот Зоран Заев. За доверба...
- Advertisement -

Голем број шпекулации и една пропадната истрага има за пописот во 2011 година, но никој досега поконкретно не успеа да ја открие причината за стопираниот попис кој требаше да се одржи пред точно 10 години.

Македонија веќе 20 години нема спроведено попис на населението, а последниот го спроведе во екстремно лоши услови, штотуку излезена од војна под големи притисоци од албанскиот, но и меѓународниот фактор.

Голем дел од граѓаните податоците од пописот во 2002 ги сметаат за лажирани и наместени со цел да се исполнат одредбите од Рамковниот договор во кој правата на малцинството се врзани директно со процентот од населението.

Во прилог на овие сомнежи оди и споредбата на пописот од 2002 и 1994 година.

Доколку направиме споредба на податоците од 1994 и 2002 година, за осум години населението на Македонија пораснало за околу 92 илјади граѓани од кои околу 67 илјади се етнички Албанци, околу 9 илјади се Македонци, а останатите 16 илјади се припадници на другите етнички заедници.

Ваквите податоци несомнено се проблематични, a со овие бројќи Албанците достигнаа бројка од 25 проценти од населението во Македонија, а Македоните паднаа на бројка од 64 проценти. Во 1994 Македонците беа 66 проценти од населението, а Албанците околу 23 проценти од населението.

Да се вратиме на пропаднатиот попис од 2011 година. Пописот требаше да започне на 1-ви октомври и да заврши на 15-ти октомври 2011 година, но по 10 дена пописот беше стопиран со поднесувањето на колективлна и неотповиклива оставка на пописната комисија.

Првичните подготовки за пописот се направени уште во текот на 2008 година кога помалите етнички заедници во голем број бараат реално да бидат прикажани бројките на население. Според тогашниот план, пописот во земјата требало да започне на 1-ви април 2011 година, но поради распуштањето на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори во Македонија, кои се одржаа на 5-ти јуни како и поради проблемите предизвикани од поделбите во Државната пописна комисија во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници.

Подготовката и реализацијата на пописот на населението, домаќинствата и становите го следи и Еуростат, а на чело на тимот што ја врши експертската проценка го предводи Жан Мишел Дур, меѓународно признат експерт за пописи.

Претставниците на Еуростат во тие моменти требало да образложат независно експертско мислење за тоа дали пописот е спроведен во согласност со меѓународните препораки за спроведување попис посочени од страна на УНЕЦЕ/Еуростат и прифатени од страна на Конференцијата на европските статистичари како принципи и препораки за пописот на населението и домаќинствата, но тоа никогаш не се случи.

Зошто? Бидејќи и во 2011 година меѓународната комисија премижува големи нерегуларности кога станува збор за попишувањето во мнозинско албанските средини во Западна Македонија. Соогласно договорот помеѓу владеачката коалиција ВМРО-ДУИ, на терен пописот го следеле по двајца попишувачи, а поголемиот дел од тимовите за попишување биле од мешан етнички карактер за да и двете најголеми етнички заедници во Македонија се почуствуваат сигурни и поверуваат во податоците.

Она што Еуростат тогаш не „успеале“ да го видат се калашниковите и попишувањето на празни куќи во Западна Македонија.

Инфомакс контактираше и сведок, попишувач Македонец кој бил дел од тимовите со мешан етнички состав во Западна Македонија. На прашањето што се случи во 2011-та година, тој ни одговори:

-Хаос, почнав со работа во градска средина каде што не се соочив со некои поголеми проблеми иако и таму имаше обиди да се попише човек повеќе, луѓе кои „заминале на одмор“ во Германија, Швајцарија, Белгија, се вадеа лични карти се бараше државјанство повеќе, едно од трите… Но она што ја помина линијата и верувам го прекина пописот беа сведоштвата на моите тогашни колеги од руралните подрачја каде се вадеа калашникови и се попишуваа по 20 луѓе од празни куќи. Да колешка моја со оружје беше спречена да си ја заврши работата, додека нејзиниот колега влезе и попиша 20 луѓе од куќа со спуштени ролетни. Друг пример имаше каде колега Македонец беше спречен да влезе во едно домаќинство под изговор дека религијата не дозволува никој друг да ги види жените од семејството. Тогашната власт верувам донесе правилна одлука да го спречи пописот. Морам да напоменам дека парите кои ги земавме беа убави, земавме по 800 денари од ден за 15 дена, 12 илјади денари, но за да станеш попишувач мораше да имаш врски. Голем дел од попишувачите беа со партиски конекции, вели попишувачот кој побара да остане анонимен.

Да се вратиме на денешницата и пописот кој власта упорно се обидува да го протурка оваа пролет. Во 2021 ќе биде дозволено тоа што во 2011 година било под оружје попишувано, а тоа е попис на „матични броеви“, односно попис на резидентно и нерезидентно население во Македонија. Дополнително наместо системот од двајца попишувачи од различна етничка припадност, ниту овој безбедносен механизам нема да биде во функција бидејќи на терен ќе излегува само по еден попишувач, на чиј морал и одговорност ќе биде оставено дали ќе попишува како резиденти на Македонија, луѓе кои со години не се во Македонија.

На темата синоќа на Фејсбк прокоментира и екс премиерот Никола Груевски.

Според него на Македонија несомнено ѝ е потребен попис, но реален и фер попис, попис во кој ќе веруваат најголем дел од граѓаните, со закон кој го гарантира тоа и со доверба кај сите политички чинители која потоа ќе се рефлектира и во поголема доверба кај населението и општата јавност.

-Активно попишување на целокупната и поголем дел од дијаспората, а можеби и на некои починати лица од страна на две или повеќе етнички заедници и во тој дел трка која етничка заедница ќе направи повеќе неправилности при попишувањето и ќе запише повеќе лица одамна иселени, како да живеат во Македонија; и во ова сценарио ќе добиеме нереален попис, вели Груевски.

Груевски предупредува дека непризнавањето на опозицијата нема да им пречи на европската статистичка агенција, на ЕУ, на ООН и на целата меѓународна заедница да ги користат податоците како валидни откога меѓународната заедница ќе ги признае и ќе стане дел од домашните и меѓународни институции. Во ваква атмосфера мислам дека веројатно ќе ги признае какви и да се, за да нема нови проблеми во земјата, додава тој.

Екс премиерот посочува едно име како еден од најголемите експерти во областа на статистиката во Македонија, името на Благица Новковска универзитетски професор од областа на демографијата.

-Од нејзината биографија на интернет може да се пресмета колку години работела во заводот за статистика и колку години била негов директор, што е несомнено огромно искуство и акумулирано знаење и експертиза, вели тој.

-Надлежните институции биле спремни да го спроведат пописот ?!

Не лажат дека има толку добро средени бази на податоци по институциите што ќе не попишат и проверат брзо и ефикасно. Вистинито е само дека се спремни да го спроведат тоа што го нарекуваат попис и да ни го презентираат тоа што всушност веќе е стокмено. И презентирањето на резултатите го најавија во скратена постапка. Изгледа, многу им се брза!!!

Сега ми е појасно и на што работела надлежната институција за спроведување на политичкиот попис во последните години. На развој на официјалнта статистика сигурно не.

Постигнатото високо ниво на усогласеност со европските стандарди и развој на официјалната статистика, во последните години го спуштија на најниско ниво. Така барем пишува во извештаите на ЕК. Во прилог се извадоци од овие извештаи каде не морате да користите комбиниран метод и да проверувате по бази, едноставно, прочитајте, пишува таа во последниот свој статус на Фејсбук.

-СО ПРЕБРОЈУВАЊЕ ДО РАЗНЕБИТУВАЊЕ

Како универзитетски професор кој предава статистика и демографија, а врз основа на сето мое досегашно искуство и знаење може да кажам дека:

– ќе биде спроведен политички договорен попис, со силно охрабрување од…,

– најавен е комбиниран метод и користење на бази,

(Иновативно, нема што!). Ама, изгледа дека комбинирањето на „базите“ е веќе завршено!

– официјалната статистика е посрамотена и разнебитена, пишува професорката во свој статус во кој дава едуцирана претпоставка што ќе се случува оваа пролет во Македонија.

Очигледно е дека целта на овој попис не е да се преброи населението и да се спроведе една чиста статистичка операција туку да се оправдаат погубните национални политики на една политичка опција со што ќе се зададе последниот удар на една нација која и реално УМИРА!

До сега ни го бришеа идентитетот, сега се подготвени да не избришат од постоење…

Што има лошо во федерализација ако народот сака федерализација, запраша новинарот и политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во емисијата “Само вистина” на Канал 5.

Ордановски кој важи за близок на премиерот Заев, а беше советник на сега осудената Катица Јанева, не знае дали Македонија е пред федерализација но вели дека ако сакаат граѓаните да има тогаш ќе има федерализација затоа што во македонскиот политички систем имало предвидени начини на кои може да се расправа за федерализација.

Да потенцираме дека ова не го кажува било кој туку еден од најблиските луѓе на премиерот!

Ако проанализираме што ни се слчуваше изминативе 4 години ќе дојдеме до заклучок дека се што беше во „главите на вмровците“ стана реалност од промена на име до двојазичност. Очигледно на ред е федерализација!

Пишува: Милош Милошевски

Фото: Илустрација

Latest News

Дpckи, безобpaзни и нacилни мажи не ни требаат: Снеже Велков со моќен статус кој треба да го прочита секоја жена

Моќен статус на Снеже Велков кој треба да го прочита секоја жена! Снеже не ретко знае, својата моментална инспирација, понесена...

More Articles Like This