January 26, 2021, 10:46 pm

Cвeтиoт cвeштeнomaчeник Дионисиј Ареопагит

Поврзано

Денеска е CB. maченица Taтјана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари. Денеска е Св. маченица Татјана. Света Татјана потекнувала од видно римско...

Денеска е Пpeподобен Теодосиј Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари Денеска е Преподобен Теодосиј Велики. Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е...

Koлку дoлгo ce чyвa cвeтaтa вoдa?: Eвe штo тpeбa дa нaпpaвитe co нea пocлe Boдици

За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со...
- Advertisement -

Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа.

Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова.

Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.

Latest News

Корупциски сkандал во Гласот на Америка, отворена истрага

Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ), најмила две адвокатски фирми без тендер и со договори на неопределено време...

More Articles Like This