December 9, 2021, 11:01 am

Cвeтcкa бaнка: Пopaди дoлгoви, нa нeкoи зeмји им ce зakaнyвa cиpoмaштиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас денеска ги предупреди лидерите на Групата 20 најразвиени земји (Г20) дека неуспехот да се обезбеди поголема поддршка за отпис на долговите на некои земји може да доведе до зголемување на сиромаштијата.

Малпас рече дека проблемите со долговите стануваат сè почести, особено во земји како Чад, Ангола, Етиопија и Замбија, на кои им се заканува сиромаштија.

Тој рече дека е задоволен од напредокот на разговорите за суспензијата на отплата на долгови, но треба да се направи уште многу.

– Намалувањето на долговите и транспарентноста ќе овозможат продуктивни инвестиции, што е клучно за постигнување порано, посилно и потрајно закрепнување, им рече Малпас на лидерите на Г20 на видео-конференцискиот Самит.

Latest News

Сенатот ја отфрли одлуката на Бајден за задолжителна вakцинација

Сенатот на САД, во кој мнозинството имаат демократите, ја прифати мерката предложена од републиканците со која би се поништила...

More Articles Like This