October 24, 2021, 7:43 am

Cилнитe зeмjoтpecи нa Kpит ja зeмaa и пpвaтa жpтвa… – eднo лицe гo зaгyби живoтoт, дeвeтминa ce пoвpeдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за цивилна заштита на Грција, официјално соопштуваат дека „согласно информациите од надлежните органи загина едно лице“.

Според грчките медиуми безживотното тело го извлекле припадниците на специјалните сили за справување со катастрофи на противпожарната служба, од урнатините на мала црква во која се вршеле градежни работи во селото Аркалохори.

Земјотресот предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децата.

Latest News

До кpajoт нa гoдинaвa чeтиpи нoви aвиoдecтинaции oд Скопје

Во првите девет месеци од годинава на македонските аеродроми се превезени за 57 проценти повеќе патници во однос на...

More Articles Like This