January 16, 2021, 9:52 am

Cкoкнa биткoинoт нa нajвиcoкo нивo oд пoчeтoкoт нa 2018 година

Поврзано

Peкopднa вpeднocт нa “цpнoтo злaтo” вo пocлeднaтa гoдинa: Pacт нa цeнaтa нa нaфтaтa oд 8 отсто

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за 8 проценти за само една недела. Тоа претставува рекордна вредност на цената...

Помош за плати нема да има за јануари?!

Финансиската помош за плати за која е донесен и посебен закон, завршува со исплатата на декемвриската плата. Според најавите...

Hoви цeни нa гopивaтa oд пoлнoќ: Eвe кoлкy ќe чинaт

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ. Минатата...
- Advertisement -

Најважната криптовалута биткоинот порасна најд нивото од 15.000 долари, што е негово највисоко ниво од јануари 2018 година.

Станува збор за дневен скок од речиси 9 отсто, на 15.223 долари, за што аналитичарите сметаат дека е последица на неизвесноста околу американските избори.

Биткоинот е на мета на оптимистите во текот на целата оваа година, поради што двојно ја зголеми својата вредност. Неговиот голем скок доаѓа благодарение на невидениот поттик на глобалните влади и централните банки во текот на пандемијата од коронавирус, за кои некои познавачи од индустријата веруваат дека виртуелната валута ја направила попривлечна од класичните валути како доларот.
„Создавањето на биткоинот делумно беше поради стравовите дека зголемениот фискален поттик ги девалвира валутите на глобално ниво“, рече Симон Петерс, аналитичар за криптоасетс на инвестициската платформа еТоро.
Додаде дека како резултат на тоа, кога централните банки ќе најават крупни планови за вбризгување на пари во економиите, многу вложувачи во крипто заедницата тоа го сфаќаат како главен сигнал за купување на биткоини.

Инвеститорите ги чекаат најновите објави за монетарната политика на Федералните резерви, при што Федералните резерви на САД се очекува да ги задржат каматните стапки во текот на ноќта близу до нула и да ја повторат потребата од дополнителен фискален стимул.

Но долготрајната неизвесност околу исходот на американските претседателски избори 2020 значи дека е малку веројатно дека во блиска иднина ќе се договори уште еден пакет за поттикнување на мерките за коронавирус.

„Како што се ближат при крај американските избори, деталите за фискалниот поттик би можеле да станат појасни. Било кој таков пакет би можел да види слабеење на американскиот долар и натамошно зголемување на цените на биткоинот во иднина“, рече Петерс.

Latest News

Xaкepcки нaпaд вpз Европската aгeнциja зa лekoви: Укpaдeни ce дoкyмeнтитe зa вakцинитe пpoтив кopoнaвиpyc

Документите од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините за коронавирус биле украдени, манипулирани и потоа објавени на Интернет,...

More Articles Like This