Cмpтнa kaзна со cтpeлање се воведува во американската држава Јужна Каролина

Поврзано

- Advertisement -

Јужна Каролина денеска пристапи кон формирање на стрелачка одред за егзекуција, во време кога има недостаток на смртоносни коктели за извршување на смртната казна со инјекции.

Долниот дом на парламентот на таа држава на американскиот југоисток вчера усвоил закон со кој на осуденикот на смрт му се дава избор помеѓу стрелачки вод и електричен стол, ако нема смртоносни коктели за инјекции.

Законот треба да биде поддржан од горниот дом на парламентот, каде што има доволна поддршка.

Републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер рече дека ќе го потпише нацрт-законот веднаш штом ќе му дојде на масата.

„Ние сме на чекор до обезбедување правда и конечен акт за семејствата на жртвите, што законот им ги дава“, рече гувернерот по гласањето во долниот дом на парламентот.

Јужна Каролина со децении не извршувала никакви егзекуции, и одложила три поради недостаток на смртоносни коктели.

Во САД, бројот на смртни казни се намалува заради чувствителноста на јавноста, како и зголемените проблеми во обезбедувањето состојки за смртоносни коктели.

Во 2020 година, вкупно 17 лица биле погубени во САД.

Latest News

Кристијан Ериксен е успешно опepиран, се очекува во петок да ја нaпyшти бoлницaта

Кристијан Ериксен беше успешно опериран, објави „Марка“. Следниот петок се очекува да биде пуштен од болница. Тој има вградено...

More Articles Like This