August 15, 2020, 4:10 pm

(Cтpoгo дoвepливo)Палчо објави „kaтиљ ферман“ за Мијалков, Заев, Русковска и Кацарска во врска со организацијата на 27.април

Поврзано

Се обиделе да пpeнесат мигpaнти низ Македонија, меѓу кои деца од Сиpија, Паkистан и Авганистан

Дваесет и осумгодишниот М.Ј од Штип е лишен од слобода и приведен во полициска станица, зашто вчера им бегал...

Вело Марковски: Погpeшија и сега сме на почетокот

Последните Ковид19 статистики покажуваат процес на стабилизација на состојбата и пад на кривата, што може да се толкува како...

Средбa Николовски – Груби, cе работи на предлог програма за работа на евентуалната идна Влада

Продолжуваат консултациите и работата на ниво на генерални секретари na СДСМ Љупчо Николовски и на ДУИ Артан Груби викендот,...
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар Љупчо Палевски, рано изутринава околу 01.00 часот по полноќ на својот ФБ профил објави „катиљ ферман“ составен во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во врска со организацијата на 27. април.

 

Документот, на кој стои ознаката „Строго Доверливо“, зборува за службена белешка составена од полициски оперативец, извесен „Браво“ кој ја составувал белешката додека Александар Василевски – Нинџа бил во бегство. Нинџа инаку е главен сведок во случаите за настаните од 27.април 2017. година.

Според документот, организатори на насилствата во Собранието на 27. април се Сашо Мијалков како поранешен директор на УБК, Владимир Атанасовски – исто така поранешен директор на УБК и наследник на Мијалков, Миле Јанакиески како екс-министер за транспорт и врски и Спиро Ристовски – екс-министер за образование и наука.

Документот се базира на оперативни сознанија на оперативец на УБК чиј таргет бил токму главниот сведок на Русковска, Александар Василевски-Нинџа кој во тој период бил во бегство.

Според „катиљ ферманот“, Нинџа објаснил дека токму Мијалков командувал со лицата кои носеле качулки, додека Миле Јанакиески и Спиро Ристовски имале споредни улоги, неповрзани со насилствата. Според Нинџа, Јанакиески го координирал отварањето на вратите од Собранието, а Ристовски бил задолжен за 70.дневните протести „За заедничка Македонија“.

Од овој исказ, пред јавноста во судница беа соопштени само исказите на Нинџа за Јанакиески и Ристовски, но беше „испуштен“ делот каде се споменува Сашо Мијалков.

Според овој исказ, за кој Палевски вели дека е целосната верзија од исказот на Нинџа кој кај себе го имала и Вилма Русковска, сега осудениот Никола Митревски-Кољо добил 500.000 евра како обештетување од Мијалков, со цел да ја превземе целата вина за настаните од 27.април, а на тој начин Нинџа да биде ослобден од гонење како не би ја открил целосната вистина за настаните.

Понатаму, во „катиљ ферманот“ се зборува и за улогата на Владимир Атанасовски, екс-директор на УБК кој бил спрега со Нинџа во организација на настаните.

Читајќи го овој „ферман“, легитимно се поставува прашањето – зошто Вилма Русковска го прикрила овој клучен елемент при презентирањето на доказите, односно, го исфрлила при доказната постапка? Дали Вилма Русковска, која согласно закон е должна да ги презентира сите релевантни докази за предметот кој го застапува свесно одлучила да го изостави делот каде што се споменува Мијалков како организатор поради претходен договор?

„Ферманот“ отвара можност за одговорност и на судијката Добрила Кацарска која го водеше судскиот процес против обвинетите во случајот 27.април. Дали таа, иако должна да направи увид во сите докази на обвинителството и одбраната, намерно затворила очи пред овие факти?

Според Палевски, се работи за криминална зделка токму помеѓу споменатите во првичниот исказ на Нинџа и двоецот Русковска-Кацарска со цел вистинските организатори и виновници за насилството да бидат ослободени од одговорност.

Дополнително, Палевски смета дека по направениот договор помеѓу споменатите во исказот и судско-обвинителскиот двоец Нинџа неколкупати го менувал својот исказ, а секогаш во корист на споменатите.

Палевски додава и дека ваква зделка не би била возможна доколку тоа не организирал и договорил Зоран Заев, кој според Палевски по доаѓањето на власт е близок соработник на Мијалков.

Latest News

Илјaдници лyѓe на пpoтecт во Минск oддaвaт пoчит на пoчинaтиoт дeмoнcтpaнт

Неколку илјади луѓе се собраа повторно во Минск во знак на протест против реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Демонстрантите се...

Влaдaтa вeќe втopи месец ги кpиe пoдaтoцитe за бpoјoт на нeвpaбoтeни лицa – Со кpиeњe на пoдaтoци, не може да се coкpиe нecпoсoбнocтa

Владата веќе втори месец ги крие податоците за бројот на невработени лица. Нема никакви информации од надлежните институции, пишува на својот Фејсбук профил Дарко...

(Видео) Aлбaнци чeкaaт со дeнoви на гpaницaтa со Гpцијa – Koлoнa дoлгa 20 километри

Огромна километарска колона возила на границата со Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за патници од Албанија, кои брзаат да се вратат...

„Сите пpoблеми во Белорусија ќе бидат решени“: Путин и Лукашенко остварија телефонски разговор за ситуацијата во Белорусија

Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин, денеска во телефонски разговор изрaзија верба дека сите пpoблеми што се појавија во Белорусија...

(Видео) Чак Норис го пpeдупреди Лукашенко: „Ќе дојдам таму кај тебе и ќе те рaсплачам“

Американскиот глумец, познат по улогите во акционите и филмовите со бopечки вештини, Чак Норис, сними видео порака претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, чија официјална...

More Articles Like This