Cвecни ли сме за oпacнocтa која се нaдвиcнyвa над Бaлkaнoт, и зошто Заев зборува за вojнa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот екс-амбасадор и колумнист на Инфомакс, Ристо Никовски, го коментираше интервјуто на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во кое тој за прв пат јавно зборуваше за реалноста која ние пред очите, а тоа е постоењето на идејата за создавање на „Голема Албанија“.

„Скопје стана свесно за опасноста што му се заканува на регионот“, изјави за Спутник Никоски, додавајќи дека е добро е што македонскиот премиер стана свесен за таа опасност.

„Заев изјави дека ако нешто е ризично за српскиот народ, јасно е дека тоа е ризик за сите, бидејќи Балканот е мал регион. Тој ја осуди пропагандата на „Голема Албанија“, додавајќи дека различните идеи можат да завршат само со војни. Во секој случај, сите овие „нон-пејпери“ што се појавија како случајно, имаат за цел да ги тестираат реакциите во регионот. Јасно е дека различните разузнавачки служби работат за „доброто“ на Балканот и ќе продолжат да го прават тоа“, рече Никовски.

Според него, факт е дека регионот е тесно поврзан и дека сè што се случува во Македонија може да влијае на Србија и другите земји и обратно.

„Кога нема безбедност во една од земјите, нема безбедност и во другите, и тоа е реалноста. Во тој контекст, најголемиот проблем е проектот Голема Албанија. На овој проект сериозно се работи, и може да се каже дека околу 70% е веќе реализиран преку нелегалното одвојување на Косово од Србија. Сè друго е веќе дел од тактиката, бидејќи „Голема Албанија“ нема да значи стабилизирање на Балканот, туку ќе доведе до нови конфликти и нови амбиции на албанските политичари“, констатира Никоски

Според него, фактот дека Заев ја потенцираше Србија како држава која ако не е безбедна, предизвикува проблем во целиот регион е вистина од повеќе причини.

„Србија е, на крајот на краиштата, центарот на Балканот и најголемата балканска земја и таа е главниот столб за комуникација и безбедност. Ако врие во Србија и ако има проблеми во неа, сите ќе го почувствуваат тоа. Другото е Македонија, бидејќи ако е нестабилно тука, ако Скопје биде изложено на разни влијанија и продолжи политиката на Бугарија кон нас, тоа нема да доведе во позитивна насока“, вели Никовски.

Сепак, Никовски смета дека нема да дојде до војна бидејќи тоа, пред сѐ, не ѝ одговара на Америка.

„Официјална Македонија не признава дека овој голем албански фактор постои во нашата земја, иако тој концепт се реализира секој ден во нашата земја. Фактот дека сме во НАТО не значи дека не можеме да се испровоцираме кога станува збор за идејата за Голема Албанија, а тоа го рече Заев. Од друга страна, Америка и НАТО се свесни дека ако се појави сериозен конфликт, Русија сигурно би се појавила таму – и тие не сакаат да ја гледаат Русија на Балканот. И затоа не мислам дека ќе има војна“, објаснува Никовски.

Тој смета дека проектот Голема Албанија ќе ја загрози и Грција и не му е јасно Атина сѐ уште не ја согледала опасноста и дека е само прашање на време пред проблемот отворено да им тропне на вратата.

Никоски посочи дека Заев исто така верува дека, штом ЕУ го забави процесот на интеграција, некои нон пејпери и други радикални идеи, како што е големоалбанската, ќе се појават на Балканот. Премиерот на Македонија исто така рече дека, кога станува збор за решавање на косовскиот проблем, сè што е прифатливо за Белград и Приштина е добро за Скопје – решение што гарантира мир на Балканот, европска интеграција, безбедност и иднина на сите етнички заедници кои живеат на територијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This