„Cекcи баба“: Сузе Турунџиева наполни 50 години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката , водителка и писателка Сузана Турунџиева денеска полни 50 години.

По тој повод таа на својот профил објави фотографија со емотивна порака.

– Полувреме е… Ми беа потребни 50 години за да сфатам некои работи… Дека животот е вистинско чудо… Дека ниедно утре и задутре не ни е ветено… Дека си (не)среќен онолку колку што ќе одлучиш да бидеш (не)среќен… Дека сите не се грижат за тебе толку колку што ти се грижиш за нив… Дека да си сама не е трагедија, туку е предност… Дека оној што ти суди не може да те љуби…

Дека без оглед на многу препреки, разлики или километри, вистинските љубови не умираат, ниту атрофираат… Дека ако нешто силно сакаш не постои пречка која може да те спречи… Дека темнината и несреќите се минлива состојба… И дека главната улога во мојот живот ми е доверена мене…
Полувреме е… И конечно светлото е вклучено! Јаков е светлоносецот. Второто полувреме може да почне- напиша Турунџиева.

Пред само неколку дена таа стана баба на своето прво внуче. Нејзината ќерка Лора, роди машко дете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This