Cе затвора модуларната болница на инфективната клиника во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Модуларната болница на инфективната клиника во Скопје се затвора, а пандемијата не само што не стивнала туку постои опасност од поголем наплив од пациенти по празниците и можност од трет бран кој СЗО го најави уште во ноември. 

Од друга страна Интерните клиники остануваат Ковид центар, со што им е отежнато на пациентите со други болести да се лекуваат таму. Од министерството за здравство велат дека затворањето на монтажната инфективна болница e поради намалениот прием на пациенти и ослободувањето на болнички кревети. 

„Во моментов во болниците во Македонија и во Скопје во рамките на постоечките капацитети има доволно слободни кревети за ковид пациенти.“ – велат од Министерство за здравство.

Модуларната болница ги прими првите пациенти во октомври, откако инфективната клиника беше целосно исполнета. Сепак, пациенти на социјалните мрежи постојано реагираат дека не биле примени на болничко лекување со образложение дека нема место. 

Монтажниот објектот на инфективната клиника во Скопје беше поставен со цел да се прошират капациетите на инфективната клиника за прием на пациенти со КОВИД а имаше вкупно 70тина болнички кревети на располагање.. 

Но, извештаите на здравствените власти покажуваат дека притисокот останува врз останатите здравствени установи низ главниот град кои наместо да третираат пациенти со други заболувања, лекуваат ковид позитивни.

Според последните податоци од министерството за здравство, на Кожната клиника се лекуваат 24 пациенти со коронавирусот, на неврологија 28, ТБЦ 26, а на нефрологја 21 пациент.

Притисокот е и натаму голем во ГОБ „Осми септември“, која првично требаше да се врати во функција на пациенти со други заболувања, но во моментов таму лежат над 100 заболени од КОВИД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This