Cимовcки до Ocмани: He caмо „бугapи“ и „мapcовци“, ќе бидaт пoпишaни кaкo тaкви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Нема потреба да бараат, има таква графа, има за сè што ќе се изјаснат“, коментира директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во однос на денешната изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи во која тој ги повика претставниците на бугарските здруженија во земјава да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот.

Симовски појасни дека во формуларите за попишување не се издвојуваат одредени националности туку графата е празна и им се остава на граѓаните сами да си кажат.

„Секогаш било и сега е таков принцип, да граѓанинот кога се изјаснува не може да му се влијае на кој било начин. Ако вие му дадете да бира од одреден список на припадности тогаш вие на некој начин влијаете. Затоа е празна графата, со впишувањето на првите три букви од она што се изјаснува, се повлекува она што го имаме ние во кодексот на шифри и за да може да се добие, бидејќи во статистиката секој запис се префрла во бројка, соодветен код.

Меѓутоа, празна е за да нема влијание. А, во кодексот на шифри се ставени се што постои сознание дека некогаш во оваа држава некој се изјаснил за некаква етничка припадност, стој во тој кодекс и има можност и право“,вели Симовски и додава: „И ако нема за некоја националност не е вметнат код во системот, тоа не е проблем, па некој да се изјасни и како Марсовец, ќе биде потпишан како таков“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This