Cитyaциjaтa вo Тетово ecкaлиpa: Bo месец февруари пoвeќe зapaзeни oткoлкy oздpaвeни пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на новозаразени е поголем од бројот на оздравени во текот на февруари во Тетовско, соодносот е 379 наспрема 369, покажува статистиката на Министерството за здравство. Споредено со периодот од пред една недела, во ковид-центарот во Тетово има три лица повеќе на болничко лекување.

-Во клиничката болница во ковид-центарот на болничко лекување се 17 лица. Пред една недела беа хоспитализирани 14 луѓе. Амбулантските прегледи по број се слични, имаме околу 35-40 дневно, информираше д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-центарот.

Во споредба со јануари, во февруари има двојно помалку починати од Ковид-19. Минатиот месец починаа 10 луѓе, а во јануари 21. Во јануари имало 352 нови случаи и 852 оздравени.

Според податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, од почетокот на епидемијата досега, во тетовскиот регион вирусот е дијагностициран кај вкупно 5464, а починале 218 луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This