Cитyaциjaтa пoвтopнo зaгpижyвaчкa: Pacтe бpojoт нa Koвид пaциeнти вo струмичката 6oлницa..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За десетина денови за четири пати е зголемен бројот на ковид-пациенти кои се лекуваат во струмичката болница, информира директорката Катерина Кузмановска.

-Од осум, колку што беа на лекување на почетокот на мината седмица, денес се лекуваат 29. Од нив, 16 се хоспитализирани, 13 се лекуваат во дневната болница, a oсум пациенти се на кислородна поддршка.

Можеби овие бројки не се многу во споредба со месеците кога имавме и по стотина пациенти, но за да не растат, апелираме до сите, а посебно до младите, да ги почитуваат мерките за заштита и да не се групираат, бидејќи токму тие најмногу заболуваат, а имаме и семејни кластери каде помладите го донеле вирусот дома, изјави директорката Кузмановска. Додава дека има слободни кревети во болницата, а подготвена е и модуларната ковид-болница.

Во неа има триесетина кревети наменети за пациенти со лесна и потешка клиничка слика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This