Cи зapaбoтиja kpивични: Pacтypeнa зaбaва вo Карпош, пpивeдeни ocyм лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 04.01.2021 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), Д.Д.(34), Ц.С.(32), Д.П.(33) и С.П.(30), поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на ул.„Анкарска” во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Македонија при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, со цел спречување на ширење на коронавирус ковид-19. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This