CИPOMAШTИJA ПО KOPOHABИPУСОТ: Македонија заедно со Кенија, Танзанија и Зимбабве пocлeднa ќе се oпopaвa од kpизaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вирусот „Ковид19“ освен здравствени последици, ќе донесе и огромни штети на светската економија. Според проекциите на светската банка, целата планета годинава ќе оди во економска рецесија. Според ранг листата на „FM Global“, од сите во регионот Македонија последна ќе закрепне од кризата, пренесе „Лидер“

Постојат и стандарди по кои се утврдува за брзината во која една земја и нејзината економија може да се вратат во нормала по една голема криза како оваа со корона вирусот.

Според „RESILIENCE INDEX DATA“ на „FM Global” Македонија се наоѓа на 100-то место од вкупно 130 во светот по брзината по која економијата може да и се врати по кризата.

На оваа ранг листа, нашата земја се наоѓа во друштво Зимбабве, Сенегал и Кенија кои се пред нас на 97-мо, 98-мо и 99-т0 место и на Еквадор, Танзанија и Јамајка кои се на 101, 102 и 1о3 позиција.

Оваа позиција е последна од сите во регионот. На ранг листата за регенерирање на економијата на „FM Global”, Албанија се наоѓа на 95-то место, Србија се наоѓа на 63-то место а Бугарија на 45-то место. Грција е позиционирана на 56-та позиција, Црна Гора на 82-ро место а од цел наш регион на најдобрата 37-ма позиција се наоѓа Хрватска.

На првите пет места во светот, по брзината на закрепнување по криза се наоѓаат Данска, Швајцарија, Германија, Финска и Шведска.

 

Целата листа на следниот линк:

https://www.fmglobal.com/research-and-resources/tools-and-resources/resilienceindex/explore-the-data/?&vd=1

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This