Cкaпиoт лek co кoj бeшe лekyвaн Трамп ќe cтaca и вo Македонија, твpди Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас – истакна министерот Филипче.

Нови лекови за ковид-пациентите ќе набавува Министерството за здравство кое завчера испратило писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти, заболени од ковид-19, со „коктел” од „casirivimab” и „imdevimab”.

Овој коктел го содржеше и лекот кој американската компанија „Регенерон“ им го препорача на лекарите во третманот од ковид-19 на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Целата терапија за третман на ковид-пациенти кај нас веќе е достапна, а како што најави министерот за здравство Венко Филипче, дополнително ќе се набави и нова.

– Првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас – истакна Филипче. Овој лек ќе биде набавен со помош на кредит од Светска банка.

По потврдувањето на првиот случај на британскиот сој на вирусот, лекарите предупредуваат дека тој веројатно ќе стане доминантен во земјава поради поголемата способност за ширење. Овој сој, според експертите, еволуира многу побавно и најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина. Се смета дека се пренесува за 70 отсто побрзо од претходните соеви, односно доколку требало да се заразат десет луѓе ќе се заразат 17 луѓе.

-Иницијално излегоа податоци дека нема влијание врз смртните исходи, но сега излегуваат податоци за кои треба да се направат и подетални студии, не сакаме да креваме паника, има некои индикатори дека благо е зголемена и смртноста за 30 отсто. Но, за тоа да стане факт треба подетални студии кои ќе бидат рецензирани од експерти за да се излезе со таа информација – посочи д-р Горан Кунгуловски од Клиниката „Жан Митрев“. Тој појасни дека вакцините функционираат доволно добро и кон новите соеви на вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This