Cкaп бил за одржување, патот низ Галичица затвopeн за сообраќај до 1-ви април, ckап е за одржување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И оваа зима патниот правец од село Трпејца до село Царина кој минува низ Националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај до 1-ви април, соопшти денеска диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“.

Иако овсе уште нема врнежи од снег, користењето на овој патен правец е забрането и се казнува.

Надлежните служби задолжени за одржување на патиштата децении наназад уверуваат дека не постои економска оправданост да се одржува овој патен правец во зима бидејќи многу малку се користи.

На забраната, секоја година реагираат спортските планинари кои укажуваат дека последните години се поголем е бројот на туристи кои во Охрид доаѓаат токму заради убавините на Галичица, што е причина повеќе надлежните институции конечно да изнајдат решение за одржливо искористување на природните потенцијали на оваа планина и во зимски услови.

Општина Охрид е со став дека регионалниот пат преку планината Галичица треба да биде ставен во функција и преку зимата, но се уште подготвува план кој ќе биде изложен пред државните институции.

Патувањето од Преспа до Охридското Езеро преку планината Галичица пред една деценија се најде на топ листата на светски дестинации на „Форбс“, на предлог на угледниот патеписец од “Lonely Planet“ Кристофер Делисо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This