Cмeткoвoдитeлитe пpeдyпpeдyвaaт: Кpaтoк e poкoт зa aплициpaњe зa дpжaвнaтa пoмoш зa плaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рокот за аплицира на компаниите за добивање државна помош е премал и завршува на 10-ти месецов. Добар дел од фирмите нема да успеат навремено да достават барање за финансиска поддршка. Комората на сметководители вината ја лоцира кај пратениците кои не најдоа заеднички јазик експресно да го донесат ребалансот на буџетот од кој зависеше стартот на четвртиот пакет мерки. Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Драган Митковски стравува дека во текот на утрешниот ден поради преоптовареност, системот на УЈП ќе крахира.

„Денеска сме осми, Законот не е излезен во Службен весник, образецот за финансиска поддршка не е прикачен на страницата на УЈП. Прометот за кој што требаше да биде репер за добивање на помош беше од први април до 31-ви август. Не знаеме од кои причини во текот на носење на законот имаше промена до 31-ви октомври, а сега е намален на 30-ти септември. Така да сметководителите нема да може да ги обработат податоците за толку кратко време.“

Првиот рок за аплицирање за државна помош беше на седми месецов, но потоа владата реши да го пролонгира за три дена за да може фирмите да аплицираат за поддршка во октомвриската плата на работниците. Од УЈП велат дека фирмите за три дена ќе добијат одговор дали ги исполнуваат условите. Потоа парите наменети за плати од државната каса, стопанството ќе ги добива до 15-ти во месецот, за октомври, ноември и декември.

„Износот на помошта по вработен ќе зависи од степен на намален приход и тоа ако е намален приходот од 30% до 40% предвидени се до 14.500 денари по вработен. За намален приход од 40,01% до 50% е 15.955 денари по вработен. За намален приход до 60%, 17.410 денари по вработен.“

Инаку, газдите на компаниите кои во претходниот сет мерки се обидоа да ја злоупотребат финансиската помош и наместо да им ги дадат на вработените, парите си ги задржаа за себе, државата им ги блокираше сметките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This