April 26, 2024, 11:19 am

Cпopeд Влaдaтa: Мaкeдoнcкитe гpaѓaни ceпaк ќe имaaт пoтpeбa oд ПЦР тecт за Србија, Црна Гора и БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Република Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест, соопшти Владата.

– Владата на Република Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји, се наведува во владиното соопштение.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.
Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Македонија, без ПЦР тест.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This