Cтoлтeнбepг зa иcтpaгaтa нa HATO зa нacтaнитe вo Aвганиcтaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО спроведува сеопфатна истрага за прилините за трагичните настани во Авганситан, вели генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг во својата статија со која гостува во саботното издание на германски Die Welt.

„Настаните изминатите неколку седмици беа трагични за Авганистанците и шокирачки за сите оние кои ги поддржуваат. Навистина, има многу сложени прашања во врска со нашата вклученост кои мора да си ги поставиме. Од тоа мора да извлечеме поуки. Во НАТО веќе започна сеопфатна истрага. Прерано е да се оценуваат разултатите, но јас сметам дека има некои работи кои бодат очи“, вели Столтенберг во авторскиот напис.

Според првиот човек на Алијансата, „Авганистан нема да биде последната криза во којашто Северна Америка и Европа ќе мора да дејствуваат заедно со помош на НАТО“, бидејќи „секогаш ќе има некој што сака да ни нанесе штети“.

„Го видовме тоа на 11-ти сепември (2001-та) и оттгаш при многуте други терористички напади. Го видовме тоа во Ирак и Сирија, каде што Исламската држава ја презеде контролата врз огромна територија и таму воспостави екстремно брутален терористички режим“, појаснува Столтенберг.

„Само благодарение на сојузниците во НАТО и нивните партнери кои ги распоредија своите вооржени сили, успеавме да ја ослободиме земјата и луѓето со кои владееше Исламската држава. Воените актицвности, всушност, се екстремна мерка, но понекогаш и единствениот разумен одговор“, додава генералниот секретар на најмоќниот воен сојуз.

Два патнички авиона киднапирани од терористи чија припадност подоцна ја потврди терористичката мрежа Ал Каеда, на 11-ти септември 2001 година се забија во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Уште еден авион преземен од терористите се урна во западното крило на Пентагон во Арлингтон во Вирџинија крај главниот град Вашингтон. Крај Шенксвил во Пелсинванија каде што патниците го соборија четвртиот патнички авион за кој се верува дека се насочул кон вашингтонски Капитол или Белата куќа. Според официјалните податоци, во Њујорк загинале 2.749 луѓе, 189 во Вашингтон и уште 44 луѓе во Пенсилванија.

Како одговор на нападите, САД следени од меѓународната алијанска предводена од НАТО изведоа воена инавзија врз Авганистан, соборувајќи го тамошниот талибански режим кој го обвинија дека ѝ дава засолништво на Ал Каеда и на нејзините челници.

По дваесет години од авганистинската војна, САД по преговорите со политичките претставници на радикалното исламистичко движење Талибан во катарска Доха, на 31-ви август го довршија повлекувањето на своите трупи од Авганистан во што беа следени од сојузниците во НАТО. Претходно на 15-ти август талибаните по секавичната офанзива во која речиси без отпор воспоставија контрола врз целата територија на земјата, исто така без борби влегоа во главниот град Кабул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This